+A   |  -A
ïïï: 1216 | âââ: 70562
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Даноци во животна средина


1. Цел и значење

Сметките за даноци за животната средина претставуваат економски инструмент за контрола на загадувањето и користењето на природните ресурси, чија цел е влијание врз работата на економските субјекти, производителите и потрошувачите.Овие сметки претставуваат основа за прибирање статистички податоци за приходите од даноци за животната средина, гледано според даночни обврзници. Даночни обврзници се домаќинствата и производните единици. Домаќинствата во националните сметки имаат двојна функција ­ претставуваат произведувачи, а и потрошувачи на стоки и услуги. За пресметка на сметките за даноци на животната средина, домаќинствата се набљудувани како потрошувачки единици. Производни единици, пак, претставуваат институционалните единици што произведуваат добра и услуги и се распределени во соодветните оддели и сектори според НКД, Рев.2.

2. Извори на податоци

За пресметка на сметките за даноци за животната средина се користат податоци од Министерството за финансии, ЈП за државни патишта и податоци од редовните статистички истражувања во Државниот завод за статистика.

3. Дефиниции и други објаснувања

Во рамките на сметките за даноци за животната средина, постојат четири категории на даноци:
  1. Даноци за енергенти;
  2. Даноци за транспорт;
  3. Даноци за загадување;
  4. Даноци за користење на природните ресурси.

Даноци за енергенти (вклучено е горивото за сообраќај) ги опфаќаат даноците за производство на енергија и енергетски производи што се користат за стационарни потреби или за сообраќај. Даноците за биогориво и за останати видови енергија од обновливи извори се вклучени во оваа категорија, исто така се вклучени и даноците што се плаќаат за залихи на енергетски производи.

Даноците за транспорт (исклучени се даноците, т.е. акцизите за гориво) ги опфаќаат даноците за сопственост и за употреба на моторните возила. Во оваа категорија се вклучени и даноците за останати сообраќајни средства (на пр., воздухопловни, водни и сл.) и сообраќајни услуги. Голем дел од даноците претставуваа „еднократни“ плаќања поврзани со увоз, продажба на транспортна опрема и сл.

Даноците за загадување ги опфаќаат даноците за измерената/проценета емисија во воздух и вода, менаџментот на цврст отпад, бучавата и сл. Во оваа категорија не влегуваат даноците за емисија на CO2, тие се опфатени во категоријата „Даноци за енергенти“.

Даноците за користење на природните ресурси ги опфаќаат даноците за екстракција/употреба на природните ресурси (вода, шума, флора и фауна), чија екстракција/употреба доведува до т.н. „трошење на природните ресурси“.

Данокот на додадената вредност е исклучен во пресметката на овие сметки.



Последно ажурирање: 27.09.2017

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение



© Државен завод за статистика