Цел и значење
Модулот за економски сметки на материјалните текови во целокупната економија е составен од податоци за сите цврсти, течни и гасовити материјали (не се опфатени водени текови и воздух) мерени во единици маса, годишно. Податоците за СМТ [1 обезбедуваат прибирање емпириски податоци за бројни аналитички студии. Исто така, статистичките податоци се користат од националните економии за подготвување различни индекси што се фокусираат на сметките на на материјалните текови во целокупната економија. СМТ се конзистентни на принципите на Системот на националните сметки, односно претставуваат сателитски сметки. Тие се однесуваат на на материјалните текови што произлегува од активностите на сите резидентни единици на националната економија, без оглед на нивната географска положба.
Извори и методи за прибирање податоци
За подготовка на табелите, користени се податоци од административни извори и статистички истражувања. Главните извори се податоци обезбедени од статистички истражувања од земјоделството, шумарството, рибарството, енергијата, зафаќањето, постапувањето и снабдувањето со вода, увозот и извозот. Податоците за ископување минерали се обезбедени од истражувањето за индустриски производи (PRODCOM).
Економските сметки на материјалните текови ги следат тековите на природните суровини (домашното искористување на материјалите) и производите (увозот, извозот) со помош на детално разложување на околу 50 категории материјали. За податоците за трговија, во ова статистичко истражување се користени следните главни категории материјали.
- биомаса и производи од биомаса
- метални руди и концентрати и нивни производи
- неметални минерали и нивни производи: песок и чакал, неметални минерали и нивни производи (кои исклучуваат песок и чакал)
- материјали/носители на фосилна енергија и нивни производи (јаглен, нафта, плин итн)
- останати производи и отпад.
Дефиниции и други објаснувања
Домашни искористени ресурси (ДИР) претставуваат годишно искористено количество материјали (сите суровини освен вода и воздух) што се искористуваат од природното опкружување и се користат во економијата.
Увоз. За разлика од домашното искористување на материјалите, стоките со кои се тргува со странство ги претставуваат стоките и производите во различни фази на обработка: основни стоки, полупроизводи и готови производи.
Извоз. За разлика од домашното користење на материјалите, стоките со кои се тргува со странство претставуваат стоки и производи во различни фази на обработка: основни стоки (жита во зрно, концентрати на руда и сл.), полупроизводи (челични шипки и сл.) и готови производи (технички апарати или мебел и сл.).
Директни материјални суровини /влез(ДМС) претставуваат материјали што имаат економска вредност и се користат за производство и потрошувачка во економијата. Ги опфаќаат количествата материјали што се или акумулирани во инфраструктура, згради и стоки за потрошувачка или се извезени. ДМС е еднакво на ДИР зголемени за увоз. Во ДМС не влегуваат рециклирани материјали.
Домашна потрошувачка на материјали (ДПМ). Го мери годишното количество суровини искористени и употребени во националната економија, зголемено за разликата на физичкиот увоз и извоз. ДПМ е еднаква на ДМС минус извозот.
Физички трговински биланс (PTB) претставува разлика на физичкиот увоз и физичкиот извоз.
Биомаса е биоразградлив дел на производот, остатоци и отпадоци од земјоделството, шумарството и дрвната индустрија, како и биоразградлив дел од комуналниот и индустрискиот отпад чие енергетско користење е дозволено.
Минерали се природни хомогени тела со постојан хемиски состав и утврдени физички својства што се појавуваат во одредени геометриски форми (кристали) или без одредени надворешни обележја.
Руда е минерален агрегат од кој технички е можно и економски е оправдано добивање метал или други минерали што може да се употребат во индустријата.
Неметални минерални суровини се оние суровини што при топењето не даваат нова суровина и вообичаено се врзани за седиментни карпи (кварцни суровини, глина, солвентност, доломит, фосфорит, графит, боксит и цементни суровини).
Фосилната енергија (горивото) настанала по природен пат под земјината површина, во текот на долг временски период, од остатоци на живи суштества. Фосилните горива се необновлив извор на енергија. Постојат три главни форми на фосилни горива: јаглен, нафта и природен гас.
Отпад е секоја супстанција или предмет што сопственикот го фрла, има намера или мора да го фрли. За отпад се сметаат и секој предмет и супстанција чие собирање, превоз и обработка се нужни за целите на заштитата на јавниот интерес.
[1] Сметки за материјалните текови (СМТ) или на англиски: Material flow accounts (MFA).