Методолошко објаснување за соопштението:
Вода по сектори на економска активност
1. Цел и значење на истражувањето
Цел на истражувањето е добивање на податоци за користењето на водните ресурси во индустријата. Истражувањето содржи податоци за количините на снабдување со вода во индустријата, количините на употребена вода според различни намени, количините на испуштена загадена вода, количините на пречистена вода и начинот на прочистување на отпадните води.
2. Извештајни единици и начин на прибирање на податоците
Извештајни единици во истражувањето се активните претпријатија со најмалку 10 вработени кои според Националната класификација на дејностите (НКД Рев.2) се распределени во секторите Б-Рударство и вадење на камен, В-Преработувачка индустрија и Г-Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. Истражувањето се спроведува со годишна периодика.
3. Дефиниции и други објаснувања
Во зафатено количество вода влегува количеството на екстрахирана вода од подземни, површински или изворски води. Снабдувањето со вода може да е преку јавен водовод; од сопствен водозафат (претпријатието има сопствен водоводен систем) или од друг извори. Количеството на вода отстапена на други претпријатија се одзема од вкупното количество на зафатена вода, а количеството на вода преземена од други претпријатија се додава во вкупното количество на зафатена вода.
Користена вода е водата која се користи во технолошкиот процес или за санитарни потреби или други намени, во рециркулациски систем или единечен систем. Користената вода може да се испушти во канализација или во други водни тела, или може повторно да се користи како рециркулациска вода или како повторно употребена вода.
Вода за технолошки процес е вода која се користи за производство и за ладење.
Вода за санитарни потреби е вода која се користи како вода за пиење, за санитарни потреби на работниците, за чистење на производните капацитети и во кантините.
Вода за други намени е вода која се користи за миење на возила, чистење на дворови, наводнување на зелени површини.
Отпадната вода може да не се третира и да се третира, т.е. пречистува, во пречистителни станици во самите претпријатија.
Отпадната вода од претпријатијата во индустријата може да се испушта во: земја (во подземни објекти за собирање на отпадни води, природни базени); јавна канализација или во површински води (во водотеци, вештачки акумулации, езера).
Последно ажурирање:
19.05.2017
|
Соопштенија
Методолошко објаснување за соопшението од областа:
Животна средина
|
© Државен завод за статистика