+A   |  -A
ïïï: 982 | âââ: 66593
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Попис на училишен простор на основни и средни училишта


Цел на Пописот на училишниот простор на основните и средните училишта во Република Македонија е да се добијат податоци за училишниот простор што го користат основните и средните училишта, за големината, оптовареноста со ученици, потоа за градежните карактеристики на зградите, за тоа колку и кои видови училишта користат наставни и други простории за општа намена и специјализирани наставни простории, за бројот на кабинетите, лабораториите, училишните работилници, за просториите за физичко воспитување итн., како и податоци за училишното земјиште и неговото користење.

За остварување на овие цели, просторот се снима од два аспекта:

а) Од аспект на училишната зграда - со снимање на реалниот училишен простор и на неговата оптовареност, што значи дека просторот ќе се прикаже само еднаш, без оглед на бројот на училиштата што го користат;

б) Од аспект на училиште - со снимање на просторот што го користат училиштата, што значи дека еден простор ќе се опфати онолку пати колку што го користат училиштата.

Овој Попис за првпат се спроведува по електронски пат. Податоците се однесуваат на состојбата од 7 до 11 март 2016 година.

ШТО СЕ СМЕТА КАКО УЧИЛИШТЕ И УЧИЛИШНА ЗГРАДА ВО ПОПИСОТ

Како училиште се смета секоја посебна училишна единица која врши настава од определен вид, по определен наставен план и програма, независно од тоа дали е организирана и регистрирана како посебен правен субјект или „единица во состав“, како и паралелките кои се под управа на некое редовно училиште. Секоја географски одвоена единица, исто така, се смета за училишна единица.

Како училишна зграда се смета секоја градба што има четири самостојни ѕида, еден или повеќе посебни влезови, а се користи за училишни цели. Како посебна зграда се смета и градба што има три самостојни ѕида, а четвртиот го користи заедно со друга зграда на која се потпира (зграда во низа), или од едната страна е вградена во земјишна косина или карпа, под услов да има посебен влез и да се користи за училишни цели. Две згради потпрени една на друга, а меѓусебно поврзани само со внатрешно минувалиште, се сметаат како посебни згради.



Последно ажурирање: 26.12.2016

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение



© Државен завод за статистика