Методолошко објаснување за соопштението:
Промет во трговијата по групи на производи
Правна основа на истражувањето
Правна основа за реализација на статистичкото истражување за промет во трговијата по производи (ТРГ.21) е Законот за државната статистика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 54/97, 21/07, 51/2011, 104/2013, 42/2014, 192/15, 27/16, 83/2018 и 220/2018) и Програмата за статистички истражувања за периодот 2018 – 2022 („Службен весник на Република Македонија“ бр.22/2018 и 224/2018).
Цел на истражувањето
Целта на истражувањето е статистичко следење на прометот во трговијата на мало, на големо и прометот во трговијата на моторните возила и нивните делови и прибор, како и одржување и поправка на моторните возила. Со податоците добиени од статистичкото истражување за трговија ќе се следи економската активност односно структурата на прометот според групите на производи.
Опфат и примерок
Со истражувањето се опфаќаат деловни субјекти (извештајни единици) што вршат дејност во трговијата (според претежната дејност се наоѓаат во сектор Е (НКД, рев. 2), според методот на примерок. Како критериум за избор е земена вредноста на остварениот промет на деловните субјекти од претходната година. Вредноста на прометот е искажана во тековни цени и ја претставува фактурната вредност на продадените стоки и услуги во Република Македонија за наведениот период, без данокот на додадена вредност (ДДВ).
Начин на прибирање на податоците
Прибирањето на податоците се врши преку прашалници (образец ТРГ.21) што се доставува до извештајната единица во хартиена и/или во електронска форма (по е-пошта). Истражувањето се спроведува на секои две години, а публикуваните податоци се однесуваат на претходната година.
Дефиниции
Трговија на големо е набавка на стоки за понатамошна продажба на трговците, преработувачите или големите потрошувачи во земјата. Стоките може да се продаваат непроменети или пакувани или препакувани по обработката.
Трговија на мало е набавка на стоки за понатамошна продажба на крајните потрошувачи (за лична употреба или за употреба во домаќинството) или на други потрошувачи за изведувачки активности под одредени услови.
Последно ажурирање:
20.12.2018
|
Соопштенија
Методолошко објаснување за соопшението од областа:
Внатрешна трговија
|
© Државен завод за статистика