1. Цел и значење
Индексите на прометот на услуги се тримесечни и спаѓаат во групата на главни европски краткорочни економски индикатори, за кои постои европска Регулатива бр. 1165/98 (ЕС), изменета со Регулативата (ЕС) бр. 1158/2005). Индексот на прометот на услуги се пресметува на базна година (2015=100) и ја проценуваат просечната промена на прометот помеѓу два временски периоди. Индексите на прометот на услуги се користат за следење на тековниот економски развој и за краткорочни предвидувања.
2. Извори на податоци
За добивање на индексите на прометот на услуги, се користат административните податоци од Управата за јавни приходи.
3. Дефиниции и други објаснувања
Прометот се состои од вкупните фактурирани сметки од единицата за набљудување за време на референтниот период, а тоа одговара на продажбата на стоки или услуги на пазарот на трети лица. Прометот исклучува ДДВ и други слични одбиени даноци директно поврзани со прометот, како и сите давачки и давачките за стоките или услугите фактурирани од деловниот субјект.
4. Вклучени сектори, оддели и групи од НКД, рев. 2
Во пресметките на индексите на прометот на услуги се вклучени следниве сектори и оддели од НКД, рев. 2:
• Е/Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли
o 45 Трговија на големо и на мало со моторни возила и мотоцикли и поправка на моторни возила и мотоцикли
o 46 Трговија на големо, освен трговија со моторни возила и мотоцикли
• Ж/Транспорт и складирање
o 49 Копнен транспорт и цевководен транспорт
o 50 Воден транспорт
o 51 Воздухопловен транспорт
o 52 Складирање и помошни дејности во превозот
o 53 Поштенски и курирски дејности
• З/Објекти за сместување и сервисни дејности со храна
o 55 Објекти за сместување
o 56 Дејности за подготовка на оброци и служење храна
• S/Информации и комуникации
o 58 Издавачка дејност
o 59 Филмска дејност, продукција на видео и телевизиска програма и дејности на снимање на звучни записи и музичко издаваштво
o 60 Емитување на програма
o 61 Телекомуникации
o 62 Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности
o 63 Информативни услужни дејности
• Ј/Дејности во врска со недвижен имот
• К/Стручни, научни и технички дејности
o 69 Правни и сметководствени дејности
o 70 Управувачки дејности; советување во врска со управувањето
o 71 Архитектонски дејности и инжинерство; техничко испитување и анализа
o 72 Научно истражување и развој
o 73 Маркетинг (реклама и пропаганда) и истражување на пазарот
o 74 Останати стручни, научни и технички дејности
o 75 Ветеринарни дејности
• Л/Административни и помошни услужни дејности
o 77 Дејности на изнајмување и давање под закуп (лизинг)
o 78 Дејности на вработување
o 79 Туристички агенции, организатори на патувања (туроператори) и останати резервациски услуги како и дејности поврзани со нив
o 80 Заштитни и истражни дејности
o 81 Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата
o 82 Канцелариско - административни и помошни дејности и деловно-помошни дејности
• O/Други услужни дејности