+A   |  -A
ïïï: 1949 | âââ: 69885
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Пријавени, обвинети и осудени полнолетни сторители на кривични дела и деца во судир со законот


Кривичните дела во соопштението се искажани по определени групи на кривични дела, врз основа на Класификацијата на кривичните дела која е изведена и се базира на Кривичниот законик на Република Македонија.

Полнолетни сторители на кривични дела

Под поимот полнолетен сторител на кривично дело се подразбира сторител на кривично дело кој во време на извршувањето на кривичното дело имал навршено 18 години на живот, а кривичното дело го сторил како: извршител, соизвршител, поттикнувач или помагач.

Пријавено лице е полнолетен сторител на кривично дело против кого постапката по кривичната пријава и претходната постапка е завршена со одлука со која: пријавата е отфрлена, истрагата е прекината, истрагата е запрена или е поднесено обвинение-обвинителен предлог.

Осудено лице е полнолетен сторител на кривично дело,прогласено за виновно, против кое се изречени кривични санкции: затвор, парична казна, воспитни мерки, судска опомена или лицето е прогласено виновно но ослободено од казна.

Малолетни сторители на кривични дела

Под поимот малолетен сторител на кривично дело се подразбира сторител на кривично дело кој во време на извршувањето на кривичното дело имал навршено 14 години на живот, а не навршил 18 години, а кривичното дело го извршил како: извршител, соизвршител, поттикнувач или помагач.

Помлад малолетник е малолетник кој во време на извршувањето на кривичното дело навршил 14 години живот, а не навршил 16 години, и кој не може да се казни туку му се изрекуваат воспитни мерки.
Постар малолетник е малолетник кој во време на извршувањето на кривичното дело навршил 16 години на живот, а не навршил 18 години, на кој може да му се изречат воспитни мерки и малолетнички затвор.



Последно ажурирање: 10.02.2011

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение

  Методолошко објаснување за соопшението од областа: Правосудство 
  
  Пријавени, обвинети и осудени полнолетни сторители на кривични дела и деца во судир со законот


   


© Државен завод за статистика