+A   |  -A
ïïï: 10094 | âââ: 123314
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Магистри на науки и специјалисти


Податоците за магистри на науки и специјалисти се прибираат од високообразовните установи кои се овластени за организирање и спроведување на последипломски студии. Податоците за завршени последипломски студии за магистри и специјалисти се прибираат со индивидуалниот прашалник “Статистички лист за магистри на науки и специјалисти”, Образец ШВ.80, кој го пополнува секое лице што стекнало научен степен магистер на науки или стручен назив -специјалист, при што податоците се однесуваат на календарска година.

Дефиниции

Во согласност со Законот за високото образование, високообразовни установи се: универзитет, факултет и висока стручна школа. Факултетите на уметностите кои вршат уметничка дејност можат да го носат и називот уметничка академија.

Факултет претставува високообразовна установа која врши високообразовна дејност, научно-истражувачка и применувачка работа во една или повеќе сродни научни и стручни области.

Звањето магистер на науки го стекнуваат лица со претходно завршено високо образование, завршени последипломски студии и одбранет магистерски труд.

Звањето специјалист го стекнуваат лица со претходно завршено високо образование, завршени последипломски студии (времетраење од најмалку 1 година) и одбрана на специјалистички труд. Овде не спаѓа специјализацијата во областа на медицинските науки бидејќи тоа не е стекнување на стручен назив специјалист, туку е специјализација во струката.



Последно ажурирање: 09.02.2011

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение



© Државен завод за статистика