+A   |  -A
ïïï: 3989 | âââ: 80239
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Установи и права на социјална заштита за малолетни и полнолетни корисници


Податоците за малолетни и полнолетни корисници и права на социјална заштита се прибираат со редовно годишно истражување, со состојба од 1 јануари до 31 декември.

Податоците за установите за сместување на деца, млади и возрасни лица се прибираат со редовно годишно статистичко истражување, со состојба 31 декември.
Како корисник на социјална заштита се смета секое физичко лице кое во текот на извештајнатагодина, еднаш или повеќе пати користело некое од правата на социјална заштита.

Од 2015 година има промена во категориите на корисници на социјални услуги кај малолетни и полнолетни корисници.
Податоците за правата на социјална заштита за малолетни и полнолетни корисници сеоднесуваат на бројот на случаите на одредени права на социјална заштита спроведени во текот на извештајниот период, а не на бројот на лицата.

Податоците за социјална парична помош се однесуваат на домаќинствата чии вкупни месечни приходи се помали од висината на утврдената социјална парична помош и тоа како разлика помеѓу вкупните просечни приходи на сите членови на домаќинството, по сите основи, и висината на социјалната парична помош.

Установите за сместување и згрижување на деца без родители и родителска грижа обезбедуваат сместување, згрижување, здравствена заштита и воспитание на деца и млади на кои им е потребно сместување во дом. Тука спаѓаат домовите за доенчиња и мали деца, детските домови и установите за згрижување на деца и млади без родители и родителска грижа.

Установите за згрижување на лица со посебни потреби ги опфаќаат организациите што обезбедуваат сместување, исхрана, нега, здравствена заштита и воспитание на деца и млади попречени во развојот, за време на школувањето и оспособувањето.

Заводи, установи за згрижување и образование на деца и млади со воспитно-социјални проблеми опфаќаат установи и заводи - домови за воспитно-запуштени деца и млади. Овие организации обезбедуваат сместување, воспитание, образование и стручно оспособување на деца и млади.

Tрговски друштва за вработување на инвалиди вработуваат лица со намалена работна способност. Вработените инвалиди може да работат и дома.

Установи - домови за возрасни лица обезбедуваат сместување, исхрана и здравствена заштита на возрасни лица. Тука спаѓаат домовите за стари и изнемоштени лица. Опфатени се државните и приватните установи-домови за возрасни лица.



Последно ажурирање: 20.06.2016

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение



© Државен завод за статистика