Методолошко објаснување за соопштението:
Дипломирани студенти на високите школи и факултетите
Податоците прикажани во ова Соопштение се добиени преку статистичкото истражување за дипломирани студенти во Република Македонија, кое како редовно статистичко истражување Државниот завод за статистика го спроведува секоја година.
Дефиниции
"Високообразовни установи" се: универзитет и висока стручна школа. Високообразовни установи во состав на универзитет се: факултет, уметничка академија и висока стручна школа.
Универзитет е највисока автономна високообразовна, научна односно уметничка установа која го обезбедува единството во вршење и развојот на високото образование, науката, уметноста и стручноста и непосредно преку своите единици од различни студиски подрачја пренесува сознанија од повеќе научни односно уметнички подрачја и дисциплини.
Факултет е високообразовна установа која врши високообразовна, научно-истражувачка и применувачка високостручна дејност во студиско и научно-истражувачко подрачје, според студиска програма на една или повеќе сродни меѓусебно поврзани наставно-научни, односно уметнички или стручни области од прв, втор и трет циклус на студии.
Висока стручна школа е високообразовна установа која врши високообразовна и уметничка дејност како додипломски стручни студии, специјалистички стручни студии и применувачка дејност од подрачјето на една или повеќе сродни , односно меѓусебно поврзани струки (стручни области).
Дипломирани студенти се лица кои завршиле додипломски студии на високите стручни школи или факултетите и тоа како редовни или вонредни студенти.
Последно ажурирање:
09.02.2011
|
Соопштенија
Методолошко објаснување за соопшението од областа:
Образование и наука
|
© Државен завод за статистика