+A   |  -A
ïïï: 9712 | âââ: 121938
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Запишани студенти на додипломски студии на факултетите и високите стручни школи


Податоците презентирани во Соопштението се добиени врз основа на обработката на податоците за запишаните студенти во учебната 2008/2009 година на државните и на приватните универзитети во Република Македонија. Податоците се прибираат по пат на прашалник кој се пополнува од страна на студентите при уписот на високообразовните установи во Република Македонија.

Дефиниции

Во согласност со Законот за високото образование, високообразовни установи се: универзитет, факултет и висока стручна школа. Факултетите на уметностите кои вршат уметничка дејност можат да го носат и називот уметничка академија.

Факултет претставува високообразовна установа која врши високообразовна дејност, научно-истражувачка и применувачка работа во една или повеќе сродни научни и стручни области.

Висока стручна школа претставува високообразовна установа која врши висока образовна дејност за стручни студии и високостручни работи во една и повеќе стручни области.

Запишани студенти се лица кои по завршувањето на претходното средно образование и исполнетите услови за упис на повисоките образовни установи го продолжуваат своето натамошно образование на високите стручни школи и на факултетите во Република Македонија како редовни или вонредни студенти.



Последно ажурирање: 10.02.2011

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение



© Државен завод за статистика