+A   |  -A
ïïï: 1324 | âââ: 73883
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Бруто-домашен производ, тримесечни податоци


Извори на податоците

Пресметките на бруто-домашниот производ на тримесечно ниво се базираат на краткорочните индикатори што ги произведува Државниот завод за статистика.

Податоците за соодветното тримесечје се објавуваат како проценети податоци. При објавувањето на податоците за секое следно тримесечје од таа година, се објавуваат и ревидирани податоци за претходните тримесечја. При секоја ревизија на годишниот бруто-домашен производ, се врши и ревизија на тримесечната серија на бруто-домашниот производ.

За пресметка на бруто-домашниот производ на тримесечно ниво се користат податоци од годишните пресметки на бруто-домашниот производ, Министерството за финансии, Народната банка, од редовните статистички истражувања во Државниот завод за статистика и дополнителни податоци од соодветни институции.

При пресметките на бруто-домашниот производ по постојани цени се користи методот на двојни индикатори. Волуменските индекси на тримесечно ниво, пресметани според производниот метод, се пресметани користејќи ја 2005 година како референтна година. Поради користење на методот на верижење, се појавува неадитивност на податоците.

За пресметка на финалната потрошувачка по тековни цени се користат податоци од Анкетата за потрошувачка на домаќинствата, административни извори на податоци и други релевантни извори.

Пресметката на бруто-инвестициите се базира на методот на стокови текови во делот за машини и опрема и на податоците од истражувањата во Државниот завод за статистика што се користат за процена на градежништвото и промена на залихите. Во бруто-инвестициите се вклучени и вредностите за Истражување и развој и Воена опрема, предвидени според Системот на национали семтки СНС 2008 и Европскиот систем на сметки ЕСС 2010.

Податоците за извозот на стоки и на услуги и за увозот на стоки и на услуги се пресметани врз основа на податоци од Народната банка на Република Македонија.

Дефиниции

Бруто-домашниот производ по пазарни цени е финален производ на производната активност на резидентните производни единици и е збир на бруто-додадената вредност од одделните институционални сектори или одделни дејности, по основни цени, плус данокот на додадена вредност и царините, минус субвенциите на производи (што не се распределени по дејности).

Бруто-домашниот производ според расходниот метод ја прикажува финалната употреба, т.е. потрошувачката на финални производи и услуги произведени во домашната економија, бруто-инвестициите и нето-извозот на стоки и на услуги.



Последно ажурирање: 16.09.2014

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение

  Методолошко објаснување за соопшението од областа: Бруто-домашен производ 
  
  Бруто-домашен производ
  Бруто-домашен производ, ревидирани податоци
  Бруто-домашен производ, тримесечни податоци


   


© Државен завод за статистика