+A   |  -A
ïïï: 1754 | âââ: 72145
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Бруто-домашен производ


Извор на податоци


За пресметките на бруто-домашниот производ користени се податоци од годишните сметки што се преземаат од Централниот регистар, податоци од редовните статистички истражувања во Државниот завод за статистика, Министерството за финансии, Управата за јавни приходи, Народната банка и дополнителни податоци од соодветни институции.


Дефиниции


Бруто-домашниот производ (БДП) по пазарни цени е финален производ на производната активност на резидентните производни единици и е збир на бруто-додадената вредност од одделните институционални сектори или одделните дејности, по основни цени, плус данокот на додадена вредност и царините минус субвенциите на производи (што не се распределени по дејности).
Бруто-додадената вредност по основни цени претставува основна категорија на бруто-домашниот производ и се дефинира како разлика меѓу бруто-вредноста на производството и меѓуфазната потрошувачка.
Бруто-домашниот производ според расходниот метод ја прикажува финалната употреба, т.е. потрошувачката на финални производи и услуги произведени во домашната економија, бруто-инвестициите и нето-извозот на стоки и на услуги.
Во рамките на пресметките на БДП по постојани цени, се користат два метода: методот на екстраполација и методот на дефлација. При пресметките на БДП по постојани цени секоја година се менува базната година, односно секоја претходна година се користи како базна година.




Последно ажурирање: 30.09.2013

 
Претходни методолошки објаснувањаДатум
Преземи 11.02.2011
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение

  Методолошко објаснување за соопшението од областа: Бруто-домашен производ 
  
  Бруто-домашен производ
  Бруто-домашен производ, ревидирани податоци
  Бруто-домашен производ, тримесечни податоци


   


© Државен завод за статистика