Методолошко објаснување за соопштението:
Индекси на цените на мало и на трошоците на животот
Цени на мало се цените по кои трговијата на мало, индивидуалните производители и вршителите на услугите им ги продаваат производите и
услугите на крајните потрошувачи. Во цените е вклучен и ДДВ.
Во 2010 година, цените во прометот на мало се следат во 8 градови во
Република Македонија за 48 земјоделски производи, 144 индустриско-
прехранбени, 259 индустриско-непрехранбени производи и 149 видови
услуги.
При изборот на производите, за следење на цените се земаат предвид само
оние производи што имаат значително учество во прометот на мало.
Индустриските производи и услугите се снимаат еднаш месечно, додека
земјоделските производи се снимаат 2 пати месечно (во првата и во третата
недела во месецот). Врз основа на просечните месечни цени на мало,
нивната динамика, како и структурата на личната потрошувачка, се
пресметуваат индексите на цените на мало и индексите на трошоците на
животот.
Индексот на трошоците на животот се пресметува врз база на посебно
групирана листа на производи и услуги од личната потрошувачка на
домаќинствата и просечните месечни цени на мало на тие производи и
услуги, односно нивните индивидуални индекси на цени, пондерирани со
структурата од личната потрошувачка.
Индексите на цените на мало и на трошоците на животот се пресметуваат
по Ласперовата формула.
Последно ажурирање:
11.02.2011
|
Соопштенија
Методолошко објаснување за соопшението од областа:
Цени
|
© Државен завод за статистика