+A   |  -A
ïïï: 30196 | âââ: 121095
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Производи во шумарството, сеча на дрва и услуги


Дефиниции

Обло дрво (листопадни и иглолисни) опфаќа трупци, рудничко дрво и друго обло дрво.

Трупци (листопадни и иглолисни) се делови од стеблото кои се наменети за понатамошна преработка, за пилење, понекогаш за режење или лупење, кои имаат поволни физички и хемиски својства и се наменети за индустриска преработка. Тоа се трупци за режење, како и трупци за фурнир и лупење.
Рудничко дрво (листопадни и иглолисни) заради поволните физички и хемиски својства е наменето за разни технички цели. Тоа е дрво кое се употребува за градба и одржување на руднички ровови и окна, потоа за градба над земја и под земја.

Друго обло дрво (листопадни и иглолисни) ги опфаќа сите видови дрвја кои се поволни за механичка преработка, столбови за електроводи, телеграфски и телефонски водови, како и друго обло дрво.

Просторно дрво (листопадни и иглолисни) опфаќа дрво за дрвни плочи (поволни за механичка преработка), а целулозното дрво и танинското дрво, заради своите поволни хемиски својства, се погодни за хемиска преработка. Танинското дрво е суровина од која со преработка се добиваат танински екстракти.

Огревно дрво (листопадни и иглолисни) претставува обло дрво кое е наменето непосредно за огрев или за производство на енергија. Овде спаѓа дрвото исечено од стеблото, гранките и други делови од дрвото, како и дрвото кое ќе биде користено за производство на дрвен јаглен (ќумур).



Последно ажурирање: 09.02.2011

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение

  Методолошко објаснување за соопшението од областа: Шумарство 
  
  Производи во шумарството, сеча на дрва и услуги
  Производи во шумарството, сеча на дрва и услуги


   


© Државен завод за статистика