Методолошко објаснување за соопштението:
Број на добиток
Извори на податоци
Податоците за бројот на добитокот (говеда, свињи, овци и кози), живината и пчелните семејства, се добиени со Годишниот извештај за сточарство од деловните субјекти (земјоделските претпријатија и земјоделските задруги), а за индивидуалните земјоделски стопанства со Анкетата за бројот на добитокот, со состојба 31.12.
Опфат
Извештајни единици за бројот на добитокот кај деловните субјекти се оние претпријатија и земјоделски задруги кои според Националната класификација на дејностите (НКД) се регистрирани во сектор А оддел 01, групи 01.4 и 01.5, а за индивидуалните земјоделски стопанства со примерок од Анкетата за бројот на добитокот. Изборот на индивидуалните земјоделски стопанства (примерокот) за Анкетата е подготвен од Статистичкиот регистар на земјоделски стопанства и опфаќа 562 статистички кругови, односно 5000 индивидуални земјоделски стопанства распоредени на целата територија на Република Македонија.
Последно ажурирање:
11.05.2012
|
Соопштенија
Методолошко објаснување за соопшението од областа:
Сточарство и рибарство
|
© Државен завод за статистика