Методолошко објаснување за соопштението:
Добиточно производство
Извор на податоци
Податоците за добиточното производство (кравјо, овчо и козјо млеко, месо, волна, јајца и мед) се добиени со Годишниот извештај за сточарство од земјоделските претпријатија и земјоделските задруги, а за индивидуалните земјоделски стопанства со Анкетата за бројот на добитокот со состојба 31.12.2009 година.
Опфат
Извештајни единици за добиточното производство кај земјоделските претпријатија и земјоделските задруги се деловните субјекти кои според Националната класификација на дејностите (НКД) се регистрирани во сектор А оддел 01, група 01.2, а за индивидуалните земјоделски стопанства се од примерокот од Анкетата. Изборот на домаќинствата (примерокот) за Анкетата е подготвен од Пописот на земјоделството во 2007 година и опфаќа 625 пописни кругови, односно 5000 домаќинства распоредени на целата територија на Република Македонија.
Последно ажурирање:
08.02.2011
|
Соопштенија
Методолошко објаснување за соопшението од областа:
Сточарство и рибарство
|
© Државен завод за статистика