Методолошко објаснување за соопштението:
Индекси на цените во угостителството
Дефиниции
Цените на угостителските услуги се оние цени по кои угостителските објекти ги продаваат своите услуги на гостите за храна, пијалаци и сместување. Во цените е вклучен и ДДВ.
Цените на угостителските услуги го мерат нивото на цените на мало остварени во угостителските објекти (хотели, мотели и ресторани).
Индекси на цени
Индексите на цените на угостителските услуги се пресметуваат по пат на пондерирање на индексите на цените со структурата на вредностите на услугите реализирани во угостителските објекти
Последно ажурирање:
08.02.2011
|
Соопштенија
Методолошко објаснување за соопшението од областа:
Цени
|
© Државен завод за статистика