+A   |  -A
ïïï: 4041 | âââ: 77670
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Деловни тенденции во преработувачката индустрија


Цел на истражувањето

Основната цел на истражувањето за деловните тенденции во преработувачката индустрија е да се добијат брзи податоци за тековната состојба и очекуваните движења на главните економски показатели во деловните субјекти, а со тоа и во посебните оддели на дејности и преработувачката индустрија во целина. Овие податоци можат да се користат при донесувањето на краткорочните деловни одлуки на деловните субјекти, како и водењето на краткорочната економска политика на земјата.

Статистичките серии што се добиваат од ова истражување се особено поволни за набљудување на деловниот циклус и за прогнозирање.

Месечното статистичко истражување за деловните тенденции во преработувачката индустрија, Државниот завод за статистика започна да го спроведува од април 2001 година. Методологијата и прашалникот за ова истражување се подготвени според препораките на OECD за хармонизирање на овие истражувања, со што се овозможува и директна споредливост на податоците.

Вид на истражувањето

Истражувањето за деловните тенденции во преработувачката индустрија е квалитативно истражување кое ја користи техниката на испитување на мислењата. Тоа обезбедува квалитативни (добра, задоволителна, лоша, зголемен, непроменет, намален и сл.), а не квантитативни (нумерички) податоци од раководителите (менаџери, директори или други членови на раководниот тим) на деловните субјекти. Тие во своите одговори даваат оцена за тековната состојба на главните економски показатели во нивните деловните субјекти и ги искажуваат своите очекувања за движењата на тие показатели во блиска иднина.

Примерок

Истражувањето за деловните тенденции во преработувачката индустрија се спроведува на примерок од 250 деловни субјекти класифицирани во одделите 15-36 од Националната класификација на дејности (НКД).

Изборот на 250-те деловни субјекти е извршен според критериумот да бидат опфатени деловните субјекти со најголема реализирана вредност во соодветниот оддел на дејности од НКД, и со број на вработени од 25 и повеќе.

Пондерирање

Секој индивидуален одговор во обработките се пондерира што значи му се дава соодветна тежина што ја одразува важноста, односно големината на секој деловен субјект. Пондерирањето на секој одговор се врши со бројот на вработените во деловниот субјект и неговата реализирана вредност.

Резултатите од обработките на одговорите на секое прашање се прикажуваат во форма на баланси. Балансот претставува разлика помеѓу пондерираните позитивни и негативни одговори, изразена во проценти. Балансот го покажува движењето на набљудуваниот економски показател, а не неговата вистинска големина.

Структурата (изразена во проценти) на ограничувачките фактори на производството се пресметува како учество на пондерираните одговори за соодветниот фактор во вкупниот број на пондерираните одговори за сите фактори.



Последно ажурирање: 08.02.2011

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение



© Државен завод за статистика