+A   |  -A
ïïï: 273 | âââ: 65691
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Издадени одобренија за употреба на градежни објекти


Опфат

Месечниот статистички извештај за издадени одобренија за употреба, ГРАД. 51а, го пополнуваат општините, односно одделенијата надлежни за работите од областа на урбанизмот.

Според измените во Законот за градењето ("Службен весник на Република Македонија" бр. 124 од 20.09. 2010 година), градбата се става во употреба после издаденотo одобрение за употреба за градбите од прва и втора категорија, додека за градбите од трета, четврта и петта категорија по изготвениот извештај за извршен технички преглед од надзорниот инженер.

Дефиниции

Градежен објект е секоја одвоена, самостојна функционална целина (подземна, надземна и водоградба), чија намена е однапред одредена и е трајно лоцирана на одредена територија.Според видот, градежните објекти како дел од градежната дејност се делат на:

  • објекти од високоградба
  • објекти од нискоградба

Високоградбата е градежна работа што опфаќа изградба на објекти кои со својот поголем дел се наоѓаат над површината на земјата, односно одат во висина. Во оваа група спаѓаат сите станбени и деловни згради, односно сите згради кои се јавуваат како придружни објекти на објектите од нискоградбата и хидроградбата (станични згради, аеродромски згради, згради на трафостаници, пристаништа, силоси итн.). Зградите како елементи на високоградбата, а и според Номенклатурата за градежни објекти и градежни работи, се класифицирани во две групи: станбени и нестанбени.

Нискоградбата е градежна работа што опфаќа изградба на објекти коишто претежно, односно со својот главен дел се наоѓаат на површината на земјата или во земјата. Во оваа група спаѓаат објектите од типот на патишта, железнички пруги, мостови, тунели, брани, насипи, мелиоративни системи, каптажни градби итн.

Реконструкција е градежна работа што се извршува на градежниот објект со цел да се подобрат условите за користење на најмалку еден стан од зградата или некој друг објект кај високоградбата, додека кај објектите од нискоградбата (патишта, железнички пруги и сл.), со реконструкцијата се зголемува нивната пропустна моќ.



Последно ажурирање: 13.08.2012

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение



© Државен завод за статистика