Методолошко објаснување за соопштението:
Извршени градежни работи и завршени станови во објекти за домување градени во индивидуална режија
Податоците се превземаат од месечното истражување за издадени одобренија за градење, каде како инвеститори се јавуваат индивидуални лица.
Дефиниции
Вредноста на извршените градежни работи претставува вредност на реално извршените градежни работи во текот на извештајната година. Вредноста на извршените градежни работи треба да ги опфати и сите занаетчиски и инсталатерски работи и услуги извршени во текот на годината.
Стан е градежно-поврзана целина наменета за живеење којашто се состои од една или повеќе соби со соодветни помошни простории (кујна, остава, претсобје, бања, клозет и сл.) или без помошни простории и има еден или повеќе посебни влезови.
Завршен стан е оној на кој се завршени сите предвидени градежни, занаетчиски и инсталатерски работи, без оглед на тоа дали зградата во која се наоѓа станот е приклучена или не е приклучена на комуналната мрежа.
Површина на станот е всушност корисната површина којашто се пресметува според важечките меѓународни стандарди и го опфаќа збирот на површините на подовите на сите соби, кујната, бањата, клозетот, ходниците и останатите помошни простории во состав на станот како и површините на отворените простори на станот намалени за соодветни коефициенти.
Последно ажурирање:
19.06.2013
|
Претходни методолошки објаснувања | Датум |
Преземи | 08.02.2011 |
Соопштенија
Методолошко објаснување за соопшението од областа:
Градежништво
|
© Државен завод за статистика