+A   |  -A
ïïï: 12215 | âââ: 92543
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Потрошени градежни материјали и енергија


Опфат

Со Годишен извештај за потрошувачка на градежен и погонски материјал Град - 13 се опфаќаат деловните субјекти од Република Македонија кои се занимаваат со градежна дејност, како и деловни субјекти кои според НКД не се класифицирани во градежна дејност но во текот на извештајната година извршувале некоја градежна активност.

Извештајната единица пополнува еден прашалник за целиот градежен материјал кој е вграден во објектите на кои извештајната единица изведувала работи, односно целото потрошено погонско гориво и друг материјал без оглед дали набавката ја извршила сама или со посредство на инвеститорот.

Со извештајот не се опфаќа книговодствено евидентираниот материјал и по било која основа отстапениот материјал на друг деловен субјект како ни материјалот кој веќе еднаш е употребен (материјал од урнати објекти).

Потрошениот градежен материјал и погонско гориво се прикажува вкупно за деловниот субјект. Се впишуваат податоци за сите прикажани видови на материјали врз основа на евиденцијата на материјалното книговодство, без оглед на тоа дали извештајната единица го купила материјалот или сама го произвела.

Доколку се дава податок за префабрикуван елемент или малтер и бетон, не треба да се прикаже материјалот кој е потрошен при нивното производство, на пример: цемент, песок, чакал и друго.

Резултатите од истражувањето се користат за потребите на планирањето, за анализи при развојот на технологијата на градба, за пресметување на индексите на цените на градење според методот на структурни вредности, контрола на индексот на физичкиот обем на градежното производство, за изработка на инпут-аутпут табелите и за изработка на енергетските биланси.



Последно ажурирање: 11.02.2011

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение



© Државен завод за статистика