+A   |  -A
ïïï: 206 | âââ: 69087
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Биланс на јаглен


Извор на податоци

Извори на податоци за годишното соопштение за јаглен се: месечните извештаи за енергија, Ене.2, Ене.3, Ене.6, Ене.7, Ене.9, Ене.13; годишните извештаи за енергија, Ене.52, Ене.53, Ене.56, Ене.57, Ене.59, Ене.63, Годишниот извештај за шумарство, Годишниот извештај за земјоделство, Статистика на надворешна трговија, Процена на потрошувачката во домаинствата по видови енергенти.

Опфат на податоците

При прибирањето на податоците од извештајните единици се користи методот на целосен опфат (за деловните субјекти кои вршат производство) и по пат на примерок (за деловните субјекти коишто се потрошувачи).

Дефиниции

За дефинирање на категориите во билансната шема користен е Годишниот прашалник за јаглен, 2009 на Eurostat, ECE/UN и IEA/OECD.

Камен јаглен = антрацит + коксен јаглен + битуминозен јаглен

Лигнит = суб-битуминозен јаглен + мрк јаглен + лигнит + тресет

Увозот/Извозот е количина која е внесена/изнесена во/од националната територија.

Енергија за енергетски трансформации претставува енергија потрошена за добивање на други облици на енергија (топлинска и електрична енергија).

Термоцентрали се постројки за производство на електрична енергија.

Индустриски топлани (енергани) се комбинирани постројки кои произведуваат топлинска и електрична енергија.

Јавни индустриски котлари се постројки за производство на топлинска енергија (која се троши во јавниот и индустрискиот сектор.

Расположливо за финална потрошувачка претставува потребна енергија на располагање на крајните корисници.

Статистичка разлика = Расположливо за финална потрошувачка - Финална енергетска потрошувачка

Потрошувачка на лигнит = Енергија за енергетски трансформации + Расположливо за финална потрошувачка

Метод на пресметка

Во пресметката на одделните биланси на камен јаглен, лигнит и кокс (вкупно, по месеци), користена е методологијата "Energy Statistics Methodology Eurostat F4, 1998".

Класификации

Во распределбата на финалната потрошувачка на камен јаглен, лигнит и кокс е користена Националната класификација на дејностите ("Службен весник на Република Македонија" бр. 09/2006).



Последно ажурирање: 08.02.2011

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение



© Државен завод за статистика