+A   |  -A
ïïï: 254 | âââ: 92617
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Обновливи извори на енергија


Извор на податоци

Извори на податоци за годишното соопштение за обновлива енергија се: месечните извештаи за енергија, Ене.1, Ене.6, Ене.7, Ене.8, Ене.13, Ене.16, годишните извештаи за енергија, Ене.51, Ене.56, Ене.57, Ене.58, Ене.63, Кварталниот извештај за шумарство, Годишниот извештај за шумарство, Годишниот извештај за земјоделство, Статистика на надворешна трговија, Процена на потрошувачката во домаќинствата по видови енергенти.

Опфат на податоците

При прибирањето на податоците од извештајните единици се користи методот на целосен опфат (за деловните субјекти кои вршат производство) и по пат на примерок (за деловните субјекти коишто се потрошувачи). Во податоците за производството на огревно дрво се опфатени државните и приватните шуми на Јавното претпријатие за стопанисување со шуми “Македонски шуми” и националните паркови.

Дефиниции

За дефинирање на категориите во билансната шема користен е Годишниот прашалник за обновлива енергија, 2009 на Еуростат, ECE/UN и IEA/OECD.Билансот на дрво опфаќа: огревно дрво, дрвени отпадоци и друг растителен отпад.Билансот на геотермална топлина ја опфаќа геотермалната вода.Билансот на хидроелектрична енергија ја опфаќа електричната енергија произведена во хидроцентралите.Билансот на биодизел го опфаќа биодизелот произведен од растителни или животински масла, со дизел карактеристики.

Увозот/Извозот е количина која е внесена/изнесена во/од националната територија.

Размена претставува трансфер на бруто-производството на хидроелектрична енергија.

Загуби во преносот и дистрибуцијата се сите загуби настанати при дистрибуција на геотермална топлина.

Расположливо за финална потрошувачка е обновлива енергија на располагање на крајните корисници.

Статистичка разлика претставува разликата меѓу расположливото за финална потрошувачка и финалната енергетска потрошувачка.

Метод на пресметка

Во пресметката на билансите на: дрво, геотермална топлина, хидроелектрична енергија, биодизел (вкупно, по месеци), користена е методологијата “Energy Statistics Methodology Eurostat F4, 1998”.

Класификации

Во распределбата на финалната потрошувачка на обновливата енергија е користена Националната класификација на дејностите (“Службен весник на Република Македонија” бр. 09/2006).



Последно ажурирање: 08.02.2011

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение



© Државен завод за статистика