Методолошко објаснување за соопштението:
Биланс на електрична енергија
Извор на податоци
Извори на податоците за годишното соопштение за електрична енергија се: месечните извештаи за енергија, Ене.1, Ене.2, Ене.3, Ене.13, Ене.15; годишните извештаи за енергија, Ене.51, Ене.52, Ене.53, Ене.54, Ене.55, Ене.63, Ене.65., Годишниот извештај за шумарство, Годишниот извештај за земјоделство.
Опфат на податоците
При прибирањето на податоците од извештајните единици се користи методот на целосен опфат (за деловните субјекти кои вршат производство, пренос и диструбиција на електрична енергија) и по пат на примерок (за деловните субјекти коишто се потрошувачи на електрична енергија).
Дефиниции
За дефинирање на категориите во билансната шема користен е Годишниот прашалник за електрична енергија, 2009 на Eurostat, ECE/UN и IEA/OECD.
Увозот/Извозот е количина која е внесена/изнесена во/од националната територија, т.е. претставува разлика меѓу влезот и излезот во националната територија или разлика меѓу излезот и влезот од националната територија.
Производството на трансформирана енергија претставува бруто-производство на термоелектрична енергија која е добиена со трансформација од други облици на енергија.
Термоцентрали се постројки за производство на електрична енергија.
Индустриски топлани (енергани) се комбинирани постројки кои произведуваат топлинска и електрична енергија.
Комбинирани електрани се комбинирани постројки кои произведуваат топлинска и електрична енергија наменета исклучиво за продажба.
Размена претставува трансфер на бруто-производството на хидроелектрична енергија.
Загуби во пренос и дистрибуција се сите загуби настанати при пренос и при дистрибуција на електрична енергија.
Расположливо за финална потрошувачка е електрична енергија на располагање на крајните корисници.
Статистичка разлика претставува разлика меѓу расположливото за финална потрошувачка и финалната енергетска потрошувачка.
Бруто-домашна потрошувачка на електрична енергија = Вкупно бруто-производство + Увоз - Извоз
Метод на пресметка
Во пресметката на билансот на вкупната електрична енергија (вкупно, по месеци), користена е методологијата "Energy Statistics Methodology Eurostat F4, 1998".
Класификации
Во распределбата на финалната потрошувачка на електрична енергија е користена Националната класификација на дејностите ("Службен весник на Република Македонија" бр. 09/2006).
Последно ажурирање:
08.02.2011
|
Соопштенија
Методолошко објаснување за соопшението од областа:
Енергија
|
© Државен завод за статистика