+A   |  -A
ïïï: 2597 | âââ: 80467
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Енергетски биланс


Извор на податоци

Извори на податоци за годишното соопштение „Енергетски биланси“ се: месечните извештаи за енергија,   годишните извештаи за енергија, Годишниот извештај за шумарство, Анкетата за потрошувачка на енергенти во домаќинствата за 2019 година, Годишниот извештај за земјоделство, статистиката на надворешната трговија и Пописот на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021

Во енергетските биланси од 2016 година во категориите Увоз/Извоз на нафтени деривати исклучен е реекспортот.

Опфат на податоците

При прибирањето на податоците од извештајните единици се користи методите на целосен опфат (за деловните субјекти кои вршат производство, пренос и дистрибуција на енергенти) и на примерок (за деловните субјекти кои се потрошувачи на енергенти). 

Дефиниции

За дефинирање на категориите во билансната шема, користени се годишните прашалници за: јаглен, нафта, природен гас, електрична енергија и топлина, обновлива енергија  на Eurostat, ECE/UN и IEA/OECD.

Камен јаглен = антрацит + коксен јаглен + битуминозен јаглен

Лигнит = мрк јаглен + лигнит

Моторен бензин = безоловен моторен бензин + оловен моторен бензин + авионски бензин

Керозини, млазни горива = млазни горива + керозин + друг керозин

Од 2012 година, дел од извозот на керозин потрошен на домашните аеродроми за меѓународен авиотранспорт е вклучен во финалната  потрошувачка во категоријата Воздушен сообраќај.

Соларна топлинска енергија е корисно искористена енергија од санитарно топла вода генерирана преку  соларни системи.

Сончева електрична енергија е електрична енергија произведена од фотонапонски електроцентрали.

Други нафтени продукти = бел и индустриски шпиритус + средства за подмачкување (масла и мазива) + битумен + парафински восок + други нафтени продукти

Огревно дрво= огревно дрво + дрво од овошни насади и друг вид растителни отпадоци

Биомаса = Огревно дрво + брикети, пелети и дрвени отпадоци

Увозот/извозот е количество кое е внесено/изнесено во/од националната територија.

Енергија за енергетски трансформации претставува енергија потрошена за добивање други облици на енергија (топлинска и електрична енергија).

Термоцентрали се постројки за производство на електрична енергија.

Индустриски топлани (енергани) се комбинирани постројки кои произведуваат топлинска и електрична енергија.

Комбинирани електрани се комбинирани постројки кои произведуваат топлинска и електрична енергија наменета исклучиво за продажба.

Јавни котларници се постројки за производство на топлинска енергија наменета за продажба.

Размена претставува трансфер на произведените нафтени продукти за понатамошно производство или трансфер на бруто-производството на електрична енергија од обновливи извори.

Загуби се сите загуби настанати при пренос и дистрибуција на енергија (природен гас, електрична енергија, геотермална топлина, топлинска енергија).

Расположливо за финална потрошувачка претставува енергија на располагање за крајните корисници.

Бруто-домашна потрошувачка на електрична енергија е збир од нето-увозот на електрична енергија и бруто-произведената електрична енергија.

Енергетска зависност се пресметува како однос помеѓу нето-увозот на енергија и вкупно потребната енергија.

Енергетска интзивност претставува  однос меѓу  вкупно потребната енергија и бруто-домашниот производ (БДП) во евра со референтна 2005 година.

Учеството на обновливата енергија во бруто-финалната потрошувачка на енергија е однос меѓу бруто-финалната потрошувачка на енергија од обновливи извори


и бруто-финалната потрошувачка на енергија од сите видови енергенти.

Бруто-финалната потрошувачка на енергија од обновливи извори е збир од бруто-финалната потрошувачка на електрична енергија од обновливи извори, бруто-финалната потрошувачка на обновлива енергија за греење и ладење и бруто-финалната потрошувачка на обновлива енергија во транспортот.

Бруто-финалната потрошувачка на енергија е збир од  финалната потрошувачка на  енергија, потрошувачката на електрична и топлинска енергија во процесот на производство во секторите за производство на електрична и топлинска енергија, како и загубите на топлинска и електрична енергија при пренос и дистрибуција.

При пресметките на индикаторот со нормализирани вредности во бруто-финалната потрошувачка на електрична енергија се користат пондерирани вредности на произведената електрична енергија во хидроцентралите со цел да се избалансираат ефектите од климатските промени.

Tон еквивалент на нафта (toe) e стандардизирана единица дефинирана врз основа на еден тон нафта со нето-калорична вредност од 41 868 KJ/kg.

Во секторот Енергија спаѓаат одделите: 05, 08.92, 19, 35 (НКД)

Во индустриските сектори спаѓаат одделите: Индустрија за железо и челик: 24.1, 24.2, 24.3, 24.51, 24.52 (од НКД); Хемиска индустрија: 20, 21 (од НКД); Обоена металургија: 24.4, 24.53, 24.54 (од НКД); Индустрија за градежен материјал, стакло и керамика: 23 (од НКД); Индустрија за експлоатација на руди: 07, 08, 09.9 (од НКД); Прехранбена индустрија, пијалаци и тутун: 10, 11, 12 (од НКД); Индустрија за хартија и печатење: 17, 18 (од НКД); Текстилна индустрија и кожарство: 13, 14, 15 (од НКД); Инженерство и друга метална индустрија: 25, 26, 27, 28, 29, 30 (од НКД); Останати индустрии: 16, 41, 42, 43 (од НКД).

Во секторот Сообраќај спаѓаат одделите: 49, 50, 51 (од НКД). Во секторот Земјоделство спаѓаат одделите: 01, 02 (од НКД).

Статистичка разлика = Расположливо за финална потрошувачка - Финална неенергетска потрошувачка -  Финална енергетска потрошувачка

Метод на пресметка

Во пресметката на енергетските биланси, користена е методологијата „Energy Statistics Methodology Eurostat F4, 1998“. Енергетските биланси се подготвуваат во согласност со европската Регулатива за енергетска статистика (Регулатива бр. 1099/2008) и нејзините измени.

Податоците за категориите Бруто-примарно производство и Финална потрошувачка на огревно дрво во домаќинствата се пресметани врз основа на просечниот број на степен денови  во грејниот период во дадената година во согласност со  методолошките насоки од Прирачникот за статистика на енергетската потрошувачка во домаќинствата, Евростат.

Еден степен ден е еднаков на разликата меѓу просечната внатрешна температура (18 °C) и просечната дневна надворешна температура (во случај ако е помала или еднаква од 15 °C). За температури поголеми од 15 °C, степен денот е еднаков на нула.

Во процесот на конвертирање на вредностите од природна единица во енергетска вредност по тип  енергент се користени:

  • во категоријата Увоз – просечните калорични вредности публикувани во публикациите на IEA, FAO и  прирачникот за енергетски статистики на  Евростат, IEA и OECD;
  • во категориите Бруто примарно производство и Производство на трансформирана енергија – просечните калорични вредности добиени од производителите на енергенти во Република Северна Македонија.

Класификации

Во распределбата на финалната потрошувачка на енергентите во енергетскиот биланс е користена Националната класификација на дејностите НКД, рев. 2. („Службен весник на Република Македонија“, бр. 147/2008).



Последно ажурирање: 26.10.2023

 
Претходни методолошки објаснувањаДатум
Преземи 19.10.2018
Преземи 20.10.2016
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение



© Државен завод за статистика