+A   |  -A
ïïï: 299 | âââ: 70801
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Биланс на природен гас


Извор на податоци

Извори на податоците за годишното соопштение за природен гас се: месечните извештаи за енергија, Ене.6, Ене.7, Ене.11, Ене.12, Ене.13, годишните извештаи за енергија, Ене.56, Ене.57, Ене.62, Ене.63.

Опфат на податоците

При прибирањето на податоците од извештајните единици се користи методот на целосен опфат.

Дефиниции

За дефинирање на категориите во билансната шема користен е Годишниот прашалник за природен гас, 2009 на Eurostat, ECE/UN и IEA/OECD.

Увозот е количина која е внесена во националната територија.

Енергија за енергетски трансформации претставува природен гас потрошен за добивање на други облици на енергија (топлинска и електрична енергија).

Индустриски топлани (енергани) се комбинирани постројки кои произведуваат топлинска и електрична енергија.

Комбинирани електрани се комбинирани постројки кои произведуваат топлинска и електрична енергија наменета исклучиво за продажба.

Јавни и индустриски котлари се постројки за производство на топлинска енергија (која се троши во јавниот и во останатите сектори).

Загуби во пренос и дистрибуција се сите загуби настанати при пренос и дистрибуција на природен гас.

Расположливо за финална потрошувачка е природен гас на располагање на крајните корисници.

Статистичка разлика претставува разлика меѓу расположливото за финална потрошувачка и финалната енергетска потрошувачка.

Вкупно потребен природен гас = Увоз + Салдо на залихи

Метод на пресметка

Во пресметката на билансот на природен гас (вкупно, по месеци), користена е методологијата “Energy Statistics Methodology Eurostat F4, 1998”.

Класификации

Во распределбата на финалната потрошувачка на природен гас е користена Националната класификација на дејностите ("Службен весник на Република Македонија" бр. 09/2006).




Последно ажурирање: 08.02.2011

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение



© Државен завод за статистика