+A   |  -A
ïïï: 16132 | âââ: 110639
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Промет во трговијата на мало и на големо


Трговија на големо е набавка на стоки за понатамошна продажба на трговците, преработувачите или големите потрошувачи во земјата или во странство. Стоките можат да се продаваат непроменети или по обработката пакувани или препакувани што е значајно за трговијата на големо.

Трговија на мало е набавка на стоки за понатамошна продажба на крајните потрошувачи (за лична употреба или за употреба во домаќинството) или на други потрошувачи за изведувачки активности под одредени услови.

Прометот прикажан е со вклучен данок на додадена вредност (ДДВ), а залихите на стоки во трговијата на мало се вреднуваат по продажни цени.

Залихи

Вредноста на залихите е вредност на стоките кои претпријатието ги има на залиха на крајот на тримесечјето. Залихите на стоки во трговијата на големо се вреднуваат по набавни цени, а залихите на стоки во трговијата на мало се вреднуваат по продажни цени.



Последно ажурирање: 11.02.2011

 
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение



© Државен завод за статистика