Методолошко објаснување за соопштението:
Обем на стоковната размена со странство
Изворен документ
Изворен документ за статистичко следење на извозот и на увозот на стоки е единствениот царински документ, чија содржина е прилагодена за повеќестрана намена. Во документот се впишуваат податоци значајни за самата царинска постапка, како и податоци за потребите на статистичката обработка на податоците и за органите и системите на банките.
Опфат
Статистиката на стоковната размена во Република Северна Македонија се базира на принципот на специјална трговија (проширена дефиниција), според кој во извозот се опфаќа сета стока извезена во странство и во странските царински складишта и комерцијалните слободни зони што се од домашно потекло, просториите за внатрешно облагородување и индустриските слободни зони. Во увозот се опфаќаат сите стоки, без разлика дали се увезени директно од странство, од царински транзит или од царински складишта и комерцијални слободни зони, а се наменети за производство, инвестиции или широка потрошувачка. Покрај комерцијалниот промет, статистиката ги опфаќа и стоките чијшто промет, т.е. извоз, односно увоз, се врши без плаќање на противвредноста.
Вредноста на стоката за облагородување се пресметува на бруто-основа пред и по извршеното облагородување.
Во статистичкото истражување на стоковната размена со странство како единица на набљудување се зема секоја стоковна испорака во извозот или увозот, а која според статистичката методологија е предмет на стоковната размена со странство.
Моментот на поднесување на образецот за единствен царински документ претставува време на набљудување.
Последно ажурирање:
31.08.2023
|
Претходни методолошки објаснувања | Датум |
Преземи | 09.02.2011 |
Соопштенија
Методолошко објаснување за соопшението од областа:
Надворешна трговија
|
© Државен завод за статистика