+A   |  -A
ïïï: 1577 | âââ: 77777
Skip Navigation LinksНасловна Статистики по области Методолошки објаснувања

Методолошко објаснување за соопштението:


Број на активни деловни субјекти


Правна основа

Правна основа за воспоставување, водење и ажурирање на Статистичкиот деловен регистар е Законот за државната статистика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 54/97) и Законот за измените и дополнувањата на Законот за државната статистика („Службен весник на Република Македонија“ бр. 21/2007, 51/2011, 104/2013, 42/2014, 192/2015, 27/16, 83/18, 220/18, 31/20), како и Регулативата (ЕУ) бр. 2019/2152 од Европскиот парламент и Советот за европската деловна статистика, со која се укинуваат 10 правни акти од областа на деловната статистика.

 
Извори на податоци

Основен извор на податоци со кој се обезбедува целосен опфат на претпријатијата (деловните субјекти) и нивните организациски единици во Статистичкиот деловен регистар е Централниот регистар на РСМ, кој е надлежен за водењето на Трговскиот регистар и на Регистарот на останати правни лица. Освен од основниот извор на податоци, Државниот завод за статистика обезбедува податоци и од други дополнителни административни извори.


Опфат

Во Статистичкиот деловен регистар се опфатени претпријатија (деловни субјекти) со седиште на територијата на Република Северна Македонија и нивните организациски единици, без оглед на нивната големина, обликот на организирање, институционалниот сектор и секторот на дејности од Националната класификација на дејности – НКД, рев. 2., во кој се распределени според главната дејност што ја вршат, а кои се регистрирани претходно од надлежен орган.

Дефиниции

Претпријатија (деловни субјекти) се сите правни и физички лица (правни единици) што вршат некоја од дејностите утврдени во Националната класификација на дејностите, со седиште на територијата на Република Северна Македонија, регистрирани од надлежен орган во согласност со закон, односно основани со закон, како и организациските единици на странски трговски друштва и странски трговци поединци што вршат дејност на територијата на Република Северна Македонија. Почнувајќи од 2021 година, во Статистичкиот деловен регистар се направени методолошки усогласувања со новата европска регулатива за деловни статистики, Регулативата (ЕУ) број 2019/2152 и Регулативата (ЕУ) за нејзиното спроведување број 2020/1197.

Според Регулативата, од статистички аспект, под поимот претпријатие се подразбира организациска единица која произведува стоки или услуги и има одреден степен на автономија во решавањето. Едно претпријатие може да врши повеќе од една економска активност (дејност) и може да биде сместено на повеќе од една локација. Претпријатието е субјект што може да  кореспондира со  правната единица (однос 1:1), но може да биде и креирано од две или повеќе правни единици (однос 1:n) и во тој случај се формира сложено претпријатие. Оттука, бројот на претпријатијата во Статистичкиот деловен регистар се разликува  од административниот регистар  на деловните субјекти.

Правни лица се сите форми на правна конструкција организирана според прописите на државата (трговски друштва, институции, установи, здруженија и други организации) со утврдени права и обврски, кои својството на правно лице го стекнуваат со денот на нивната регистрација во соодветен надлежен регистар.

Физички лица се субјектите (самостојни извршители на дејности, занаетчии, индивидуални земјоделци, трговци поединци) што поседуваат права и обврски, а својството на правен (деловен) субјект им е признаено врз основа на постојните законски прописи.

Активни претпријатија (деловни субјекти) се сите претпријатија што учествуваат во создавањето на бруто-домашниот производ, а како основен критериум за утврдување на активноста на претпријатијата се податоците за приход и/или вработени.

Главна дејност е дејноста што има најголемо учество во структурата на приходот на претпријатието (деловниот субјект) остварен од вршење на дејностите.




Последно ажурирање: 04.04.2023

 
Претходни методолошки објаснувањаДатум
Преземи 08.02.2011
  

  Соопштенија
 
 
  Последно соопштение

  Методолошко објаснување за соопшението од областа: Деловни субјекти 
  
  Број на активни деловни субјекти
  Демографија на претпријатија


   


© Државен завод за статистика