Методолошко објаснување за соопштението:
Користење на информатичко-комуникациски технологии во јавниот сектор
Предмет на истражувањето е опременоста и употребата на информатичко -комуникациските технологии
во јавниот сектор1)
во Република Македонија во 2009 година.
Единици на набљудување се органите на јавната администрација (министерствата и другите државни
органи, судовите, управите, државните агенции, бироа, заводи), јавните претпријатија2)
и локалната
самоуправа во сите општини во Република Македонија.
Во истражувањето беа вклучени 191 статистички единици. Од нив, одговорија 166, односно процентот на
одговор е 87%.
Податоците кои се објавуваат се однесуваат на субјектите во јавниот сектор кои одговориле на
прашалникот (образец ИКТ.4), а тоа се: 14 министерства и Владата на Република Македонија, 45 државни
агенции, институции, организации, 25 јавни претпријатија и 81 единици на локалната самоуправа-општини.
Последно ажурирање:
11.02.2011
|
Соопштенија
Методолошко објаснување за соопшението од областа:
Информатичко општество
|
© Државен завод за статистика