+A   |  -A
ïïï: 450 | âââ: 77542
Skip Navigation Links

 Архива на методолошко објаснување за соопштението:



Индекси на индустриското производство


Состојба: 08.02.2011


Начин на пресметка

Индексот на индустриското производство, на различно ниво на Националната класификација на дејностите (вкупно, по главни индустриски групи, сектори, оддели), се пресметува во два чекора: во првиот чекор, преку пондерирање на индивидуалните индекси на количините на индустриски производи, а во вториот чекор, преку пондерирање со соодветните пондерациони коефициенти за различни нивоа.

Месечните индекси на индустриското производство се пресметуваат со користење на Ласперовата формула.

Пондерационите коефициенти за производите од Номенклатурата на индустриски производи кои се користат за пресметка на индексот на индустриското производство се пресметани врз основа на учеството на производните вредности во Годишниот извештај за индустрија од 2005 година и додадената вредност за 2005 година.

Применети класификации

При прибирањето на податоците во Месечниот извештај за индустриското производство и објавувањето на резултатите се користи Националната класификација на дејностите ("Службен весник на Република Македонија" бр. 09/2006 година) и Националната номенклатура на индустриски производи 2005 ("Службен весник на Република Македонија" бр. 43/2006 година).

Препораки

Индексот на индустриското производство се базира на препораките на ЕУРОСТАТ во "Методологијата за краткорочни деловни статистики" од 2002 година и е хармонизиран со Регулативата 1165/98 на Европската комисија.

   


© Државен завод за статистика