+A   |  -A
ïïï: 362 | âââ: 85440
Skip Navigation Links

 Архива на методолошко објаснување за соопштението:



Индекси на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување


Состојба: 27.05.2011


Општо

Вкупниот индекс на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување е составен од две компоненти: индекс на трошоците за материјали и индекс на трошоци за вработени.

Извор за пресметка на индексот на трошоците за материјали се податоците за продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар за материјалите и елементите кои се вградуваат во градежништвото, а за индексот на трошоците за вработените се користат податоците за просечните исплатени месечни бруто-плати по вработен, во секторот Градежништво, по оддели.

Пресметка

Индексот на трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се пресметува како просек од индексот на трошоците за материјалите и индексот на трошоците за вработените.

Пондерите за пресметката на вкупниот индекс на трошоците во градежништвото се добиваат од годишните сметки на
претпријатијата од секторот Градежништво, во 2005 година.

Индексот на трошоците за материјали се пресметува од 92 избрани материјали и елементи за вградување во градежништвото кои според ННИП/2008 припаѓаат на следните класи:

08.12; 16.10; 16.21; 16.23; 20.30; 20.52; 20.59; 22.21; 22.23; 23.12; 23.31; 23.32; 23.42; 23.51; 23.52; 23.61; 23.62; 23.63; 23.64; 23.69; 23.70; 23.99; 24.10; 25.11; 25.21; 25.93; 27.32.

Индексите се пресметуваат со користење на Ласперовата формула.

Пондерите за пресметка на индексот на трошоците за материјали се добиваат од вредноста на потрошените материјали од “Годишниот извештај за потрошени градежни материјали” во 2005 година.

Распределбата во секторот Градежништво е направена според “Номенклатурата на градежни објекти и градежни работи”, со структурата на вредноста на извршените работи од “Годишниот извештај за градежни објекти на кои се изведувани работи” во 2005 година.

Индексот на трошоците за вработените се пресметува од просечната месечна бруто-плата по вработен во секторот Градежништво, по оддели.

Распределбата во одделите од секторот Градежништво е направена според “Номенклатурата на градежни објекти и градежни работи”, со структурата на вредноста на извршените работи од “Годишниот извештај за градежни објекти на кои се изведувани работи” во 2005 година.

Применети класификации

Во пресметките се користени:
  • Националната класификација на дејностите
    (“Службен весник на Република Македонија” бр. 147/2008 година) НКД Рев.2;
  • Националната номенклатура на индустриски производи
    (“Службен весник на Република Македонија” бр. 75/2009 година) ННИП/2008;
  • Номенклатурата на градежни објекти и градежни работи.

Усогласеност со регулативите на ЕУ

Методологијата за пресметка на индексите на трошоците во градежништвото е усогласена со “Методологијата за краткорочни деловни статистики” на Еуростат, за следниве варијабли:
  • 320 Трошоци во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување;
  • 321 Трошоци за материјалите;
  • 322 Трошоци за вработените.

   


© Државен завод за статистика