+A   |  -A
ïïï: 5647 | âââ: 85637
Skip Navigation Links

 Архива на методолошко објаснување за соопштението:



Индекси на прометот во индустријата


Состојба: 16.04.2013


Начин на пресметка

Индексите на прометот во индустријата се пресметуваат со споредба на агрегираните податоци за вредноста на прометот во индустријата коригирани со индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот и на странските пазари, на најниско ниво на агрегација (на три шифри од НКД Рев.2), при што и во двата случаја 2010 година е земена како базна година.

Применети класификации

При прибирањето на податоците во Месечниот извештај за прометот во индустријата и објавувањето на резултатите се користи Националната класификација на дејностите Рев.2 ("Службен весник на Република Македонија" бр. 147/2008 година) и Националната номенклатура на индустриски производи 2008 ("Службен весник на Република Македонија" бр.75/2009 година).

Препораки

Индексот на прометот во индустријата се базира на препораките на ЕВРОСТАТ во "Методологијата за краткорочни деловни статистики" од 2006 година и е хармонизиран со Регулативата 1165/98 на Европската комисија.

   


© Државен завод за статистика