+A   |  -A
ïïï: 18118 | âââ: 104249
Skip Navigation Links

 Архива на методолошко објаснување за соопштението:



Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар


Состојба: 08.02.2011


Дефиниции

Продажна цена на производителите на индустриски производи е цената според која производителот ги продава своите производи на редовните купувачи на домашниот пазар, во најголеми количества франко натоварено во вагон (камион) во местото на производителот, или цената по која производителот врши пресметка со други производители во прометната сфера. Во оваа цена влегува регресот, ако продавачот го остварува според прописите, а од цената се одбива трговскиот рабат и попустот што продавачот му го одобрува на купувачот. Во цената не влегуваат данокот на додадена вредност и акцизите.

Начин на пресметка

Индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, на различно ниво на Националната класификација на дејностите (вкупно, по главни индустриски групи, сектори, оддели), се пресметува во два чекора: во првиот чекор преку пондерирање на индивидуалните индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, а во вториот чекор преку пондерирање со соодветните пондерациски коефициенти за различни нивоа.

Месечните индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пресметуваат со користење на Ласперовата формула. Овие индекси се основни и се користат за пресметување на другите индекси.

Пондерациските коефициенти за производите од Номенклатурата на индустриски производи, кои се користат за пресметка на индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар, се пресметани врз основа на вредноста на реализацијата на домашниот пазар во Годишниот извештај за индустрија од 2005 година.

Применети класификации

При прибирањето на податоците во Месечниот извештај за продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар и објавувањето на резултатите се користат:
- Националната класификација на дејностите (“Службен весник на Република Македонија” бр. 147/2008 година) и
- Националната номенклатура на индустриски производи (“Службен весник на Република Македонија” бр. 75/2009 година).

Листата на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар е хармонизирана со наведените класификации.

Усогласеност со регулативите на ЕУ

Методологијата за пресметка на индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар е усогласена со “Методологијата за краткорочни деловни статистики” на Еуростат, за следниве варијабли:
- 311 Продажни цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар.

   


© Државен завод за статистика