+A   |  -A
ïïï: 545 | âââ: 71426
Skip Navigation Links

 Архива на методолошко објаснување за соопштението:



Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари


Состојба: 15.06.2012


Избор на примерок на претпријатија и индустриски производи

Изборот на примерокот се врши во неколку чекори:

Чекор 1:
Впарување на податоците од “Годишниот извештај за индустрија, 2010“ (ИНД.21) и “Стоковна размена со странство, 2010“.

Чекор 2:
Селекција на претпријатијата и производите од кои се бира примерокот (327 претпријатија со 812 производи).

Чекор 3:
Во примерокот се вклучени 215 претпријатија со 508 производи.
Избраните 508 извезени индустриски производи покриваат 95,17% од вкупната продажна вредност на странски пазари во ИНД.21, 2010.

Чекор 4:
Структуирање на вредностите од Чекор 3 во согласност со вредностите од Чекор 2.

Пондери на ниво на група според Класификацијата на производи по дејности (КПД), тарифа и претпријатие

Чекор 5:

Вредноста на извезените производи од ИНД.21, 2010, се распределува во согласност со структурата на вредноста на извозот од „Стоковната размена со странство, 2010“.
Добиените вредности се прикажуваат во релативни показатели (пондери).

Продажни цени

Чекор 6:

Се врши пресметка на т.н. продажни цени на производителите на индустриски производи на странски пазари.
Во случајов, “продажната цена“ се пресметува како количник од вредноста на извозот, изразена во денари и извезеното количество на производот, изразено во килограми на микрониво.

Чекор 7:
За месеците во кои нема податок за цените се врши импутација на цената од претходен месец на микрониво.

Пресметка

Чекор 8:

За да се овозможи идентификација на аутлаерите (цени кои покажуваат изразито отстапување), се врши пресметка на релативите на микрониво (R1-micro).
Релативот претставува количник на цената од тековниот месец и цената од претходниот месец.

Чекор 9:
Се врши пресметка на стандардната девијација од Чекор 8, на 3-цифрено ниво од КПД (StDev-3).

Чекор 10:
Се врши пресметка на просечниот релатив од Чекор 8, на 3-цифрено ниво од КПД (R1-3).

Чекор 11:
Се врши пресметка на стандардната девијација од Чекор 8, на микрониво (StDev-micro) со следнава формула:
StDev-micro = (R1-micro - R1-3) / StDev-3.

Чекор 12:
Релативите на микрониво за кои е пресметана стандардна девијација надвор од интервалот ± 2 се сметаат за аутлаери и се заменуваат со релативи со вредност 1.

Чекор 13:
Се врши пресметка на месечен релатив на микрониво (R2-micro) со формулата:
R2-micro = R1-micro од претходен месец х R1-micro од тековен месец.

Чекор 14:
Се врши пресметка на месечни индекси на микрониво со 2010 како базна година (Im-micro) со следнава формула:
Im-micro = R2-micro / (просекот на R2-micro од базната година)*100.

Чекор 15:
За пресметка на месечните индекси на ниво на група, оддел, сектор, главни индустриски групи и вкупно, се користи Ласперовата формула.

Применети класификации

При пресметките и објавувањето на индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се користени:
- Националната класификација на дејностите (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 147/2008 година),
- Класификацијата на производи по дејности (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 97/2009 година),
- Националната номенклатура на индустриски производи (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 75/2009 година),
- Царинската номенклатура (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 155/2009, 165/2010 и 183/2011 година).

Усогласеност со регулативите на ЕУ

Методологијата за пресметка на индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари, е усогласена со Методологијата за краткорочни деловни статистики на Евростат за следниве варијабли:

- 312 Продажни цени на производителите на индустриски производи на странски пазари.

   


© Државен завод за статистика