+A   |  -A
ïïï: 15803 | âââ: 123123
Skip Navigation Links

 Архива на методолошко објаснување за соопштението:



Отпад според сектори на економска активност


Состојба: 14.06.2012


Податоците прикажани во соопштението се добиени преку статистичкото истражување за отпад од секторите Рударство и вадење на камен, Преработувачка индустрија и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (Национална класификација на дејности - НКД Рев.2) спроведено врз основа на Законот за државна статистика („Службен весник на РМ“ бр. 54/97, 21/07 и 51/2011) и Програмата за статистички истражувања 2008-2012 („Службен весник на РМ“ бр. 11/08 и 141/10).

Периодиката на истражувањето е двегодишна. Истражувањето за првпат е спроведено во 2009 година во секторот Преработувачка индустрија, додека во 2011 година е проширено во секторите Рударство и вадење на камен, Преработувачка индустрија и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација. Истото е усогласено со Законот за управување со отпад („Службен весник на РМ“ бр. 68/2004 и 71/2004), Лисатата на видови отпади („Службен весник на РМ“ бр. 100/2005) пропишана од Министерството за животна средина и просторно планирање и Регулативата за статистика на отпад бр. 2150/2002 на Европскиот Парламент.

Извештајни единици се сите активни деловни субјекти/локални единици, кои според Националната класификација на дејности (НКД Рев.2) се регистрирани со главна дејност во секторите Рударство и вадење на камен, Преработувачка индустрија и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, и имаат 11 и повеќе вработени.

Врз основа на пополнетите извештаи, добиени се податоци за вкупното количество на: создаден отпад, складиран отпад, примен отпад од други физички и правни лица од земјата и странство, предаден отпад на други физички и правни лица во земјата и странство, како и податоци за количеството на преработен и отстранет отпад. Податоците за преработен и отстранет отпад се во согласност со операциите за преработка (R) и отстранување (D) на отпадот предвидени во Законот за управување со отпадот. Исто така, добиени се податоци за количеството опасен и неопасен отпад. Извештаите се засновани на евиденција и документација на извештајните единици.

Во соопштението даден е приказ на податоците за видовите отпад класифициран според Листата на видови отпад на ниво на групи (20), како неопасен и опасен, а врз основа на изворот на создавање и карактеристиките.

Дефиниции

Отпад
е секоја материја или предмет што создавачот или поседувачот ја/го отфрла, има намера да ја/го отфрли или од него се бара да ја/го отфрли.

Опасен отпад е отпадот што содржи супстанции кои имаат едно или повеќе својства како што се: експлозивност, реактивност (оксиданси), запаливост, надразливост, токсичност, инфективност, канцерогеност, мутагеност, токсичност за репродукција, екотоксичност и својства на испуштање отровни гасови при контакт со вода, воздух или киселина, утврдени во согласност со Законот за управување со отпадот или со друг пропис, вклучувајќи го и секој отпад што е измешан со опасен отпад.

Неопасен отпад е отпадот што не ги поседува карактеристиките на опасен отпад.

Складирање е организирана дејност за складирање на создадениот отпад во објекти коишто ги исполнуваат пропишаните услови за таа намена, за период пократок од три години, доколку складираниот отпад е наменет за третман и за преработка, или за период пократок од една година, доколку отпадот е наменет за отстранување.

Преработка на отпадот се операциите (со ознака R) кои имаат за цел да се искористат употребливите материи и состојки на отпадот, а притоа ги опфаќаат постапките за повторно користење на отпадот, за рециклирање и за користење на отпадот како извор на енергија, исклучувајќи го горењето на отпадот заради негово дефинитивно отстранување. >br>
Забелешка: Во согласност со Европската Регулатива, отпадот кој се преработува на самото место каде што се создава не се смета за создаден отпад, односно количеството на овој отпад не се прикажува во вкупното количество на создаден отпад.

Отстранување на отпадот се операциите (со ознака D) што обезбедуваат конечно решение за отпадот што не може повторно да биде употребен или преработен, а притоа не се загрозува животната средина, животот и здравјето на луѓето.

   


© Државен завод за статистика