+A   |  -A
ïïï: 509 | âââ: 78266
Skip Navigation Links

 Архива на методолошко објаснување за соопштението:



Попис на капацитетите во угостителството (први резултати), 2016 година


Состојба: 17.3.2011


Вовед

Пописот на капацитетите во угостителството се спроведе во периодот од 1 до 15 ноември 2008 година на целата територија на Република Македонија, во согласност со Законот за државната статистика (“Службен весник на Република Македонија” бр.54/97 и 21/2007) и Програмата за статистички истражувања 2008-2012 бр. 19-31/1 (“Службен весник на Република Македонија” бр.11/08).

Пописот на угостителските капацитети се спроведе со метод на интервју, односно податоците ги прибраа попишувачи кои беа избрани и обучени од Државниот завод за статистика.

Методологијата што се користеше во овој Попис е усогласена со стандардите дефинирани од ЕУРОСТАТ и е прилагодена кон актуелната состојба во угостителството и туризмот.

Основни дефиниции

Угостителски објект
е секоја угостителска деловна единица во која на гостите им се даваат угостителски услуги, т.е. услуги за точење пијалаци, услуги за исхрана, услуги за сместување, како и други услуги кои вообичаено се вршат во угостителството.

Со Пописот беа опфатени сите угостителски објекти на територијата на Република Македонија во составот на угостителски деловни субјекти, објектите на неугостителски деловни субјекти кои во својот состав имаат угостителска деловна единица, како и самостојните угостителски дуќани.

   


© Државен завод за статистика