+A   |  -A
ïïï: 1002 | âââ: 104031
Skip Navigation Links

 Архива на методолошко објаснување за соопштението:



Попис на продажните капацитети во трговијата на мало (први резултати), 2016 година


Состојба: 17.03.2011


Вовед

Пописот на продажните капацитети во трговијата на мало беше спроведен во периодот од 01 до 15 ноември 2008 година во согласност со Законот за државната статистика (“Службен весник на Република Македонија” бр.54/97 и 21/2007) и Програмата за статистички истражувања 2008-2012 бр. 19-31/1 (“Службен весник на Република Македонија” бр.11/08).

Предмет на посматрање беше секоја одделна продавница со нејзините карактеристики: локација, трговска дејност, тип на продавница, продажен простор и друго.

Попишувањето на продавниците се изврши со интервју, односно податоците ги прибраа попишувачи кои беа избрани и обучени од Државниот завод за статистика.

Методологијата што се користеше во овој Попис беше усогласена со стандардите дефинирани од ЕУРОСТАТ и беше прилагодена кон актуелната состојба во трговската мрежа.

Основни дефиниции

Во вкупниот број продавници се опфатени следните:

Класична продавница е деловна просторија во која се врши продажба на производи на непосреден потрошувач со класичен метод на продажба и со посредство на продавач.

Самопослуга (супермаркет, минимаркет, драгстор, дисконт) е специјално изградена или адаптирана продавница за продажба на производи на мало врз база на самопослужување.

Киоск - е продавница, по правило, со мала продажна површина, но не помала од 3м2.

Аптека - претставува продавница од класичен тип во која се врши продажба на лекови, но и на одредени дрогериски производи или на детска храна.

Салон за автомобили - претставува класична продавница прилагодена за продажба на автомобили.

Бутик - е класична продавница во која се врши продажба на текстилни производи кои се производство на претпријатието во чиј состав се наоѓа продавницата.

Пумпна станица е специјално граден и опремен објект за точење и продавање на течни горива и други артикли за потребите на друмскиот превоз.

   


© Државен завод за статистика