+A   |  -A
ïïï: 16231 | âââ: 97110
Skip Navigation Links

 Архива на методолошко објаснување за соопштението:



Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар


Состојба: 26.02.2016


Цели

Индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар ги мерат промените на нивото на цените на производителите на индустриски производи што се произведуваат во Македонија и се продаваат на домашниот пазар.

Класификации и публикување на податоците

Продажните цени на производителите на индустриски производи се прибираат и обработуваат според Националната номенклатура на индустриските производи (ННИП/2008), а индексите се пресметуваат по групи, оддели и сектори од Националната класификација на дејностите (НКД Рев.2).

Индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се публикуваат по сектори и по оддели.

Индексите ги покриваат секторите:
-B/Б (Рударство и вадење на камен),
-C/В (Преработувачка индустрија),
-D/Г (Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација).

Индексите ги покриваат одделите:
-од секторот B/Б одделите 05 (Вадење на јаглен и лигнит) и 08 (Вадење на други руди и камен),
-од секторот C/В сите оддели освен 26 (Производство на компјутерски, електронски и оптички производи),
-од секторот D/Г само класата 35.11 (Производство на електрична енергија).

Исто така, се публикуваат индекси кои ја покажуваат динамиката на цените според крајната употреба на производите, класифицирани во четири групи и две подгрупи:
-енергија,
-интермедијарни производи освен енергија,
-капитални производи,
-производи за широка потрошувачка:
  • трајни производи,
  • нетрајни производи.
Прибирање на податоци

Цените кои се основа за пресметување на индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се прибираат со статистичкиот прашалник:
- Месечен извештај за продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар (Ц.41дома).

Прашалникот Ц.41дома се испраќа до претпријатијата избрани во примерокот на почетокот на годината.

За секое избрано претпријатие се подготвува индивидуален статистички прашалник (образец).

Во прашалниците се вклучени само репрезентативни производи за избраните претпријатија.

Секој избран производ има шифра составена од 10 цифри од ННИП/2008 плус 2 цифри за спецификација на производот, назив на производот, единица мерка и објаснување и подетална спецификација за промените на цената.

Претпријатијата ги пополнуваат податоците за просечните месечни продажни цени за тековниот месец (заклучно со декември 2014 година се пополнуваа податоци за продажните цени на 15-ти во месецот) и ги доставуваат до ДЗС, до 15-ти во месецот, за претходниот месец.

Во примерокот се опфатени 260 претпријатија со 723 специфицирани индустриски производи.

Цени

Продажната цена на производителите на индустриски производи продадени на домашниот пазар е цената според која производителот ги продава своите производи на редовните купувачи на домашниот пазар, во најголеми количества франко натоварено во вагон (камион) во местото на производителот.

Во оваа цена влегува регресот, ако продавачот, според прописите, го остварува, а од цената се одбива трговскиот рабат и попустот што продавачот му го одобрува на купувачот.

Во цената не се пресметани акциза и ДДВ.

Продажните цени на производителите на индустриски производи од базниот период се основа за споредба на цените од тековниот период.

Цената од базниот период е цената од 2010 година пресметана како аритметичка средина на цените на индустриските производи по месеци.

   


© Државен завод за статистика