+A   |  -A
ïïï: 354 | âââ: 68923
Skip Navigation Links

 Архива на методолошко објаснување за соопштението:



Цени на електрична енергија и природен гас


Состојба: 02.10.2017


Извор на податоци

Извори на податоци за полугодишното соопштение за цени на електрична енергија и природен гас се полугодишниот извештај за цените на електричната енергија Ене.Ц5 и полугодишниот извештај за цените на природниот гас Ене.Ц3.

Опфат на податоците

При прибирањето на податоците од извештајните единици се користи методот на целосен опфат на деловните субјекти што вршат енергетска дејност трговија со електрична енергија, деловните субјекти што вршат снабдување со електрична енергија на нерегулираниот и регулираниот пазар на електрична енергија и деловните субјекти што вршат енергетска дејност трговија, снабдување и дистрибуција на природен гас.

Во обработката на податоците за цените на природниот гас не се вклучени количествата на природен гас потрошени во комбинираните електрани во процесот на производство на електрична енергија и топлина.

Дефиниции

Цени на електрична енергија
Енергија и снабдување ги вклучува: набавната цена на електричната енергија во земјата или од увоз, давачките за снабдување, трошоците за организирање и управување со пазарот на електрична енергија, трошоците за балансирање и други трошоци во процесот на снабдување.
Цена без ДДВ = Енергија и снабдување + трошок за пренос + трошок за дистрибуција.
Цена co ДДВ = Цена без ДДВ + ДДВ.

Цени на природен гас

Енергија и снабдување
ги вклучува: набавната цена на природниот гас по која е набавен од земјата или од увоз, давачките за снабдување, трошоците за управување со системот за пренос на природен гас и други трошоци во процесот на снабдување.

Цена без ДДВ = Енергија и снабдување + трошок за пренос + трошок за дистрибуција.
Цена co ДДВ = Цена без ДДВ + ДДВ.
Нормален кубен метар
е волумен на гасот при температура од 20°C и притисок од 1.01325 bar.
Нето-калорична вредност = 0.9* Бруто-калорична вредност.

Метод на пресметка

Цените се пресметани во согласност со Регулативата 2016/1952 на Европскиот парламент и на Советот од 26 октомври 2016 година за европските статистики за цените на природниот гас и електричната енергија.

Во процесот на обработка на цените на природниот гас по GJ е користена просечната бруто- калорична вредност на природниот гас во дадениот семестар.

   


© Државен завод за статистика