+A   |  -A
ïïï: 5801 | âââ: 85336
Skip Navigation Links

 Архива на методолошко објаснување за соопштението:



Индекси на прометот во индустријата


Состојба: 16.10.2013


Извори и методи на прибирање на податоците

За прибирање на податоците за прометот во индустријата се користи извештајниот метод и тоа преку Месечниот извештај за прометот во индустријата - Инд.2. Извештајната единица е должна да ги достави податоците преку образецот Инд.2 врз основа на нејзината книговодствена евиденција до надлежниот статистички орган во точно определен рок, врз основа на Програмата за статистички истражувања во Република Македонија за определена година.

Единици на набљудување

Извештајни единици се претпријатијата кои во Регистарот на деловни субјекти се регистрирани во областа на индустријата и тоа во секторот Б - Рударство и вадење на камен и во секторот В -Преработувачката индустрија од Националната класификација на дејностите - НКД Рев.2, како и претпријатијата кои се регистрирани во друга област (градежништво, трговија, земјоделство итн.), но покрај главната дејност се занимаваат и со индустриска активност. Извештајни единици се и локалните единици според видот на дејноста на ниво на општина.

Начин на пресметка

Индексите на прометот во индустријата на различно ниво на Националната класификација на дејностите (вкупно, по главни индустриски групи, сектори, оддели, групи на производи) се пресметуваат со директна споредба на агрегираните податоци за вредноста на прометот во индустријата, при што вредноста на прометот за домашниот и за странските пазари се коригира со индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот и на странските пазари, на најниско ниво на агрегација (на групи на производи, т.е. на три шифри од НКД Рев.2). При пресметката на индексите на прометот во индустријата, како и при пресметката на индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи, 2010 година се користи како базна година.

Применети класификации

При прибирањето на податоците во Месечниот извештај за прометот во индустријата и при објавувањето на резултатите се користи Националната класификација на дејностите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 147/2008 година) и Националната номенклатура на индустриските производи 2008 („Службен весник на Република Македонија“ бр. 75/2009 година).

Препораки

Месечниот извештај за прометот во индустријата се базира на препораките на ЕВРОСТАТ во „Методологијата за краткорочни деловни статистики“ од 2006 година и e хармонизиран во согласност со Регулативата 1165/98 на Европската комисија.

   


© Државен завод за статистика