+A   |  -A
ïïï: 257 | âââ: 71971
Skip Navigation Links

 Архива на методолошко објаснување за соопштението:



Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно


Состојба: 21.03.2018


Цели
Индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, ги мерат промените на нивото на цени на производителите на индустриски производи/услуги што се произведуваат во Македонија и се продаваат од производителите на домашниот пазар и на странски пазари.
Индексот на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, е составен од две компоненти: индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар и индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари.

Пресметка
Индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пресметува како пондериран просек од индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар и индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари.

Во примерокот се опфатени:
-во 2015 година 360 претпријатија со 1236 специфицирани индустриски производи/услуги,
-во 2016 година 359 претпријатија со 1258 специфицирани индустриски производи/услуги,
-во 2017 година 356 претпријатија со 1256 специфицирани индустриски производи/услуги,
-во 2018 година 347 претпријатија со 1239 специфицирани индустриски производи/услуги.

Класификации и публикување на податоците
Индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пресметуваат по групи, оддели и сектори од Националната класификација на дејностите (НКД Рев.2).
Индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се публикуваат по главни индустриски групи, по сектори и оддели.

Пондерирање
Пондерите за пресметка на индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пресметуваат од реализираната вредност на домашниот и на странски пазари.
Извор на потребните податоци за пондерирање е истражувањето „Годишен извештај за индустријата“ (ИНД.21) од 2015 година.
Пондерите се менуваат секоја петта година.

Публикување
Месечно:
- Соопштение: „Индекси на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно”;
- Издание „Месечен статистички извештај”;
- МАКСтат база на податоци.
Годишно:
- „Статистички Годишник на РМ”.


Усогласеност со регулативите на ЕУ
Методологијата за пресметка на индексите на продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, е усогласена со „Методологијата за краткорочните деловни статистики” на Евростат, за следниве варијабли:
- 310 Продажни цени на производителите на индустриски производи.


   


© Државен завод за статистика