|
ЕВРОСТАТ
Евростат е Генерален директорат на Европската комисија задолжен за обезбедување на Европската унија со статистички податоци на европско ниво и за да ја унапредува интеграцијата на статистичките методи низ земјите-членки на ЕУ, земјите-кандидатки и земјите од EFTA.
Работата на Евростат е структурирана во девет теми: општа и регионална статистика; економија и финансии; население и социјални статистики; индустрија, трговија и услуги; земјоделство и риболов; надворешна трговија; транспорт; животна средина и енергија; наука и технологија. Освен податоците содржани во наведените теми, Евростат обезбедува и индикатори за политиката на ЕУ.
Евростат од 1 октомври 2004 година ја смени својата политика за објавување статистички податоци, така што од тој ден им овозможи на корисниците едноставен и бесплатен достап до сите податоци на
својата веб-страница.
Податоците на Евростат се публикуваат на англиски, француски и германски јазик, а на интернетската страница може да се најдат над 300 милиони податоци, објавени во вид на соопштенија, публикации, методологии, класификации или микроподатоци.
Повеќе информации за услугите и продуктите на Евростат
КОРИСНИЧКА ПОДДРШКА
ESDS е услуга што Ви помага и Ве насочува како да ги најдете статистичките податоци за Европската унија, за земјите-членки и за земјите-кандидатки.
Во рамките на проектот ESDS (European Statistical Data Support), Државниот завод за статистика претставува еден од овластените центри што им обезбедуваат бесплатна помош на корисниците при пребарувањето на европските статистички податоци.
Ако не можете да ги најдете бараните информации на интернетската страница на
Евростат или ако Ви се потребни дополнителни информации, Ве молиме посетете ја
веб-страницата:
http://ec.europa.eu/eurostat/help/support
Корисничката поддршка дава информации дали бараните ЕУ-податоци и информации се достапни, каде може да бидат најдени на веб-страницата на Евростат, помага при верификација на податоците, дава дополнителни информации за методологијата, а помага и за решавање технички прашања.
Работно време на корисничката поддршка на македонски јазик:
(понеделник-петок) 9-15 ч.
Контакт:
Даме Груев 4, 1000 Скопје
Република Северна Македонија
+389 (0)2 32-95-838
esds@stat.gov.mk
|
© Државен завод за статистика