Методолошко објаснување за соопштението:
Цени на електрична енергија и природен гас
Извор на податоци Извори на податоци за полугодишното соопштение за цените на електричната енергија и природниот гас се полугодишниот извештај за цените на електричната енергија Ене.Ц5 и полугодишниот извештај за цените на природниот гас Ене.Ц3. Од првото полугодие на 2017 година, извор на податоците за цените на електричната енергија е Регулаторната комисија за енергетика на Република Македонија.
Опфат на податоците Применет е метод на целосен опфат за деловните субјекти што вршат енергетска дејност трговија со електрична енергија, деловните субјекти што вршат снабдување со електрична енергија на нерегулираниот и регулираниот пазар на електрична енергија и деловните субјекти што вршат енергетска дејност трговија, снабдување и дистрибуција на природен гас. Во обработката на податоците за цените на природниот гас не се вклучени количествата природен гас потрошени во комбинираните електрани во процесот на производство на електрична енергија и природен гас.
Дефиниции Цени на електрична енергија Енергијата и снабдувањето ги вклучуваат: набавната цена на електричната енергија во земјата или од увоз, давачките за снабдување, трошоците за организирање и управување со пазарот на електрична енергија, трошоците за балансирање и други трошоци во процесот на снабдување. Цена без ДДВ = Енергија и снабдување + трошок за пренос + трошок за дистрибуција. Цена co ДДВ = Цена без ДДВ + ДДВ.
Цени на природен гас Енергијата и снабдувањето ги вклучуваат: набавната цена на природниот гас по која е набавен од земјата или од увоз, давачките за снабдување и други трошоци во процесот на снабдување. Цена без ДДВ = Енергија и снабдување + трошок за пренос + трошок за дистрибуција. Цена co ДДВ = Цена без ДДВ + ДДВ. Нормален метар кубен е волумен на гасот при температура од 20oC и притисок од 1.01325 bar. Нето-калорична вредност = 0.9 * Бруто-калорична вредност.
Метод на пресметка Цените се пресметани во согласност со Регулативата 2016/1952 на Европскиот парламент и на Советот од 26 октомври 2016 година за европските статистики за цените на природниот гас и електричната енергија. Во процес на обработка на цените на природниот гас по GJ е користена просечната бруто-калорична вредност на природниот гас во даденото полугодие.
Последно ажурирање:
30.03.2018
|
Соопштенија
Методолошко објаснување за соопшението од областа:
Енергија
|
© Државен завод за статистика