Методолошко објаснување за соопштението:
Попис на продажните капацитети во трговијата на мало (први резултати), 2016 година
Вовед
Пописот на продажните капацитети во трговијата на мало беше спроведен во периодот од 1 до 12 ноември 2016 година, во согласност со Законот за државната статистика („Службен весник на Република Македонија“ бр.54/97, 21/07, 51/11, 104/13, 42/14, 192/15 и 27/16) и Програмата за статистички истражувања 2013-2017 година („Службен весник на Република Македонија“ бр.20/13, 24/14, 13/15 и 7/16).
Предмет на посматрање беше секоја одделна продавница со нејзините карактеристики: локација, трговска дејност, тип на продавница, продажен простор и друго.
Попишувањето на продавниците се изврши со интервју, односно податоците ги прибраа попишувачи кои беа избрани и обучени од Државниот завод за статистика.
Методологијата што се користеше во овој Попис беше усогласена со стандардите дефинирани од ЕВРОСТАТ и беше прилагодена кон актуелната состојба во трговската мрежа.
Основни дефиниции
Продавница - деловна просторија во која се врши продажба на производи на непосреден потрошувач со класичен метод на продажба и со посредство на продавач. Може да биде специјализирана (за одреден вид производи - прехранбени или непрехранбени) или неспецијализирана (за разновидни производи, прехранбени и непрехранбени, или само непрехранбени, но разни видови).
Трговски центар - претставува просторна групација со поголем број на продавници од различни типови и димензии, меѓусебно поврзани со патеки.Самопослуга (супермаркет, минимаркет, дисконт) - специјално изградена или адаптирана продавница за продажба на производи на мало врз база на самопослужување.
Киоск - продавница, по правило, со мала продажна површина, но не помала од 3м2, а продажбата се врши преку прозорец - шалтер.
Аптека - продавница од класичен тип во која се врши продажба на лекови, но и на одредени дрогериски производи или на детска храна.
Фабричка продавница - продавница во која се продаваат производи од сопствено производство и вообичаено се наоѓа во кругот на фабриката /производните погони.
Бензинска станица - специјално граден и опремен објект за точење и продавање на течни горива и други артикли за потребите на друмскиот превоз. На бензинските станици вообичаено се лоцирани и продавници.
Последно ажурирање:
14.02.2017
|
Претходни методолошки објаснувања | Датум |
Преземи | 17.03.2011 |
Соопштенија
Методолошко објаснување за соопшението од областа:
Попис на продажните капацитети во трговијата на мало
|
© Државен завод за статистика