Методолошко објаснување за соопштението:
Издадени одобренија за градење
Опфат
Податоците за Месечниот статистички извештај за издадени одобренија за градење, ГРАД. 51 се од административен извор и се превземаат од електронскиот систем за издавање на одобренија за градење, со директен пристап од веб-страница на Заедницата на единиците на локалната самоуправа, а за кој надлежни се Министерството за транспорт и врски и Заедницата на единиците на локалната самоуправа. Предмет на обработка се правосилните одобренија за градење, кои подлежат на клаузула за правосилност.
Дефиниции
Градежен објект е секоја одвоена, самостојна функционална целина (подземна, надземна и водоградба), чија намена е однапред одредена и е трајно лоцирана на одредена територија.
Според видот, градежните објекти како дел од градежната дејност се делат на:
- објекти од високоградба
- објекти од нискоградба
Високоградбата е градежна работа што опфаќа изградба на објекти кои со својот поголем дел се наоѓаат над површината на земјата, односно одат во висина. Во оваа група спаѓаат сите станбени и деловни згради, односно сите згради кои се јавуваат како придружни објекти на објектите од нискоградбата и хидроградбата (станични згради, аеродромски згради, згради на трафостаници, пристаништа, силоси итн.).
Зградите како елементи на високоградбата, а и според Номенклатурата за градежни објекти и градежни работи, се класифицирани во две групи: станбени и нестанбени.
Нискоградбата е градежна работа што опфаќа изградба на објекти коишто претежно, односно со својот главен дел се наоѓаат на површината на земјата или во земјата. Во оваа група спаѓаат објектите од типот на патишта, железнички пруги, мостови, тунели, брани, насипи, мелиоративни системи, каптажни градби итн.
Последно ажурирање:
12.03.2018
|