Skip Navigation LinksНасловна Последна Публикација


Бруто-домашен производ и инвестиции во основни средства, по региони, 2000 - 2006

 


Регионалните економски сметки, како потсистем на националните сметки, имаат значајна улога во креирањето, имплементацијата и евалуацијата на регионалната политика и развој. Релевантните и конзистентни економски податоци се основа за мерење и редуцирање на регионалните диспаритети, односно за утврдување на степенот на реализација на проектираните цели на регионалната развојна политика.

Овој Статистички преглед претставува обид да се обезбедат податоци за два индикатора кои се од посебен интерес при користењето на европските структурни фондови: бруто-додадената вредност како основа за процена на БДП по региони и инвестициите во основни средства, во период од 2000-2006 година.Притоа, заради конзистентност на податоците, серијата е подготвена според иста методологија.

Податоците за бруто-домашниот производ и инвестициите во основни средства, по региони, се подготвени во согласност со територијалната организација усвоена со Законот за територијална организација на локалната самоуправа на Република Македонија, како и со Номенклатурата на територијални единици за статистика НТЕС-ниво 3. При пресметките се користени принципите и стандардите на Европскиот систем на сметки кои се употребуваат и во системот на националните сметки. Поради осетливоста на податоците и импликациите кои може да ги предизвикаат, должни сме да потсетиме дека овие податоци се експериментален обид и нивниот квалитет зависи од големината на регионот и употребената методологија која, пак, зависи од расположливоста на податоци на ниво на регион.

Со цел полесно користење на податоците, дадени се и објаснувања за методолошките основи и карактеристиките на основните податоци и категории.


           
Датум на издавање: 17.06.2009
PDF:   Преземи ја публикацијата  2,42MB
   
   
Број на страници: 42
ISBN: 978-9989-197-57-4
ISSN: 1409-7036
Јазик: македонски и англиски




Цена во печатена форма: 960 денари


 

 

 


  Публикации
   
 
  Сите публикации

  Последна публикација

  Метаподатоци

 

 

 


© Државен завод за статистика