Анкета за странски туристи - Анкета во објекти за сместување,
2016
Статистичкото истражување „Анкета за странски туристи - Анкета во објекти за сместување“ се спроведe во
согласност со Законот за државната статистика („Службен весник на Република Македонија“ бр.54/97, 21/07, 51/11,
104/13, 42/14, 192/15 и 27/16) и Програмата за статистички истражувања 2013-2017 година („Службен весник на
Република Македонија“ бр.20/13, 24/14, 13/15 и 7/16) и во согласност со Регулативата бр. 692/2011 на Европскиот
парламент и Советот, според кои Државниот завод за статистика е овластен за подготовка на методологиите,
инструментите за спроведување, прибирање, обработка, анализа и објавување на статистичките податоци. Анкетата беше организирана во соработка со персоналот во сместувачките објекти (рецепционери).
Ова истражување се спроведува како редовно од 1980 година. Последните податоци со кои располага
Државниот завод за статистика се од 2009 година.
Анкетата спроведена во 2016 година обезбедува податоци за потрошувачката, структурата и социјалните
карактеристики, должината на престојот и начинот на организирање на патувањето на странските туристи. Анкетата е спроведена во сместувачките капацитети со примерок кој обезбедува репрезентативност на највисоко ниво на
белезите (во примерокот се опфатени 1617 туристи од кои се анкетирани 1550 туристи).
Од обработените податоци се подготвени табели од кои дел се презентирани во оваа публикација. Со
користење на овие податоци и со споредување со податоците од постоечките месечни и годишни податоци од
статистиката на туризмот, на корисниците им се овозможува подготвување на соодветни анализи на туризмот и на
приходите по основ на туризмот.
Ова е последно издание на публикацијата „Анкета за странски туристи - Анкета во објекти за сместување, 2016“. Најновите податоци се на располагање во МакСтат базата на податоци.
Цена во печатена форма:
|
Публикации
Метаподатоци
© Државен завод за статистика