Статистичкиот преглед број 2.4.21.03/917 за 2020 година претставува продолжение на серијата податоци објавени во Статистичкиот преглед 2.4.21.01/914 за 2019 година.
Публикацијата содржи податоци за правата од социјална заштита на малолетни и на полнолетни корисници во 2020 година; податоци за установите за сместување на деца и млади без родители и родителска грижа; за установите за згрижување лица со пречки во менталниот и во телесниот развој; установите за згрижување на деца и млади со воспитно-социјални проблеми и нарушено поведение; за установите домови за возрасни лица; за трговските друштва за вработување инвалиди, како и податоци за меѓуопштинските центри за социјална работа.
Во него се презентирани и податоци за додатоците за деца во 2020 година, како и податоци за родителските додатоци за дете за 2020 година.
Државниот завод за статистика вложува напори да овозможи прибирање на што повеќе податоци потребни за државата и за меѓународните институции со проширување на содржината на обрасците, како и што поголема споредливост на меѓународно ниво.
Очекуваме дека публикацијата ќе ја исполни својата улога да им ги даде на корисниците основните податоци за организациите за социјална заштита на децата, младите и возрасните лица и за домовите за ученици/студенти.